Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска Давкова: НУБ „Св. Климент Охридски“ е амбасадор на македонската културна историја и чувар на македонскиот идентите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска Давкова: НУБ „Св. Климент Охридски“ е амбасадор на македонската културна историја и чувар на македонскиот идентите
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова: НУБ „Св. Климент Охридски“ е амбасадор на македонската културна историја и чувар на македонскиот идентите

Објавено November 23, 2024 19:40
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ се обрати на свеченото одбележување на јубилејот – 80 години од именувањето на првиот директор и започнувањето со работа во слободна Македонија.

Во своето обраќање, претседателката Сиљановска Давкова оцени дека НУБ „Св. Климент Охридски“ е не само духовна ризница, туку и амбасадор на македонската културна историја, чувар на македонскиот идентитет и симбол на вечноста.

Таа изрази најдлабока благодарност на сите кои со својата пожртвуваност, љубов и визија, го градеа и се вградија во ова културно светилиште во изминатите осум децении, истакнувајќи дека нивното наследство, како што рече, е наш завет – да ја чуваме и славиме мудроста на словото.

Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателката Сиљановска Давкова.

Почитувани присутни,

Се согласувам со филозофот Клод Леви Строс кога вели дека : „ книгата е животна супстанца со која се храниме”. Признавам, ненаситна сум на книги.

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ е океан на духовна храна, непресушен вруток на знаење, космос на идеи, вулкан на нови сознанија. Таа е светилник на умот и срце на мудроста.

Осум децении од првите чекори на оваа институција, тогаш со име Народна библиотека, со првичен фонд од 150.000 книги, 50 читатателски места и 12 вработени вљубеници во книгата, се осум децении на учење, борба, непокорност и истрајност во мисијата – чувар на македонскиот идентитет, култура и колективна меморија.

Од 1944 година, кога се круниса ослободувањето на таковината па до денешната дигитална ера, библиотеката континуирано ги надминува границите на просторот и времето.

Во историските мигови на раѓање на македонската државност, среде пепелта на војната, асномските визионери го положија темелот на народната библиотека – храм на словото, и речта, симбол македонската ренесанса. Во скромен, но свет простор, таа не собра само книги, туку и идеали, визии и надеж. Стана сонце на македонскиот дух, мост меѓу минатото и сегашноста, симфонија на мислите, буквите, речениците, сликите и мечтите.

Чекорењето на оваа легендарна институција беше тежок, трнлив, полн со премрежја и предизвици пат. Катастрофалниот земјотрес не го разурна само убавиот град Скопје, туку и најголемиот дом на книгите-библиотеката, но не и духот на библиотеката и библиотекарите. Над половина милион книги го изгубија животот. Со истрајност и несебична пожртвуваност, библофилите се бореа за секој ракопис, секоја книга, секој збор – свесни дека го спасуваат не само културното наследство, туку и душата на еден народ.

Во годините потоа, по привремениот престој во Даут Пашин Амам и монтажниот објект, библиотеката, во 1971 година, се всели во својот нов дом, граден со љубов и почит, небаре културен храм. Растеше, се развиваше и иновираше. Создаваше непроценливи збирки – онаа за старословенските ракописи или ориенталните ракописи, ретките книги и периодика, кредибилни историски сведоци.

Секој дел од библиотеката е зрак од нашето културно сонце, причина за гордост, инспирација.

Замислете си град со три милиони жители – библиотечни единици, сведоци и чувари на минатото, творци на новите вредности. Потсетете се на првите луѓе на библиотеката, меѓу кои врвни писатели, интелектуалци, ерудити, заколнати пријатели на книгата!

Со дигитализацијата на своите богатства, оваа институција зачекори кон нова ера. Старословенски ракописи, музичките партитури, ретките карти и книги, сега, сите се на сигурно, во дигитална форма, непокорно пркосејќи му на заборавот и на времето. Македонската култура, овековечена во овие дигитални артефакти, денес е достапна насекаде, носејќи ја нашата историја, музика и мисла ширум светот.

Тука, во овие ѕидови исполнети со вековна мудрост, приказните на нашите предци се пренесуваат од генерација на генерација, а делата на нашите современици ја осветлуваат патеката кон иднината.

Почитувани,

НУБ „Св. Климент Охридски“ е не само духовна ризница, туку и амбасадор на македонската културна историја, чувар на македонскиот идентитет и симбол на вечноста.

Дозволете ми, да им изразам најдлабока благодарност на сите кои со својата пожртвуваност, љубов и визија, го градеа и се вградија во ова културно светилиште во изминатите осум децении. Нивното наследство е наш завет – да ја чуваме и славиме мудроста на словото.

Не случајно и не попусто НУБ „Св. Климент Охридски“ е лауреат на: Орденот „Заслуги за народ“, наградата „11 Октомври“, Повелбата на културата „Климент Охридски“!

Не случајно и не попусто во овој дом се вдомиле и : „Британскиот совет“, „Гетеовиот институт“, Кинескиот културен центар „Конфуциј“.

Не случајно, и јас сум домувала овде работејќи на магистерскиот труд и докторатот, уживајќи во светот на книгите. Можеби затоа, проблемите со кои се соочуваше оваа уникатна институција секогаш ги доживував како свои, се солидаризирав се со книгите и нивните врвни и верни пријатели.

Нека оваа значајна годишнина биде наша заедничка гордост, инспирација и поттик за постојана и силна грижа за библиотеките и книгите, уверени дека нашата култура е највисокиот израз на нашето постоење!

Заеднички да продолжиме да ја пишуваме и читаме оваа приказна – овој роман „река“, што велат Французите, во кој е документирано минатото, насликана сегашноста, антиципирана иднината!

Нека е честит јубилејот! Да живеат книгите, да ни е вечна НУБ „Св. Климент Охридски“, под негова закрила.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонските вина се продаваат во 40 држави во светот, Владата најавува зголемено производство и извоз
Следна Статија Што знаеме за новата руска ракета „Орешник“?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Обвинителот Цветановски: Поднесов кривични пријави против Љупчо Коцевски и Лиле Стефанова, но одговор нема

Суспендираниот јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје, Јован Цветановски, за МИА отворено зборува за причините за неговата суспензија, за…

August 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Љутков: Универзална сала ќе биде готова до крајот на 2027

До крајот на 2027 година треба да биде завршена и пуштена во употреба Универзалната сала. До петок ќе биде распишан…

July 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

15 отсто од фирмите кои добиле лиценци за изградба, проектирање и надзор на градби не ги исполнуваат условите за работа, рече Николоски

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на прес-конференција соопшти дека во тек е контрола на сите издадени лиценци согласно…

March 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски-Милановиќ: Стабилна и просперитетна Европа е невозможна без полноправно членство на целиот регион

Стабилна, просперитетна и интегрирана Европа е невозможна без полноправно членство на целиот регион, потенцираше премиерот Христијан Мицкоски по денешниот работен…

May 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?