Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска Давкова: Потребен е нов модерен закон за помилување во чија суштина се луѓето затвореници
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска Давкова: Потребен е нов модерен закон за помилување во чија суштина се луѓето затвореници
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова: Потребен е нов модерен закон за помилување во чија суштина се луѓето затвореници

Објавено January 1, 2025 16:20
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова смета дека е потребен нов закон за помилување во чиј фокус би биле луѓето затвореници, оти сегашниот смета дека не е системски поставен.

Таа потврди дека била запозната со кривичните дела на неколкуте осудени лица кои се помилувани по повод новогодишните празници.

Се разбира дека знам. Работата е во рацете на Комисијата за помилување. Претходно стигна предлог од Министерството за правда, се видов дури и со министерот за правда. Ми ги опишаа сите случаи и да објаснам за јавноста- кога човек ќе чуе помилување мисли дека некој е целосно ослободен. Овие помилувања главно се однесуваат на три месеци, рече Сиљановска Давкова на новинарско прашање по посетата на припадниците на Армијата во касарната „Јане Сандански“ во Штип.

Според неа, една од основните забелешки на нашиот систем на помилувања или на намалувања на казните е многу кусиот период, затоа што, како што посочи, правото на помилување или на милост е човечко право и се оценува социјализацијата или ресоцијализацијата откако ќе се најдете во затвор. Она што е најважно, вели таа, при помилувањето е судот.

– Ниту Министерството за правда, ниту Комисијата за помилување можат или смеат да играат улога на истражни органи – да се јавуваат во АНБ или АР за да ги проверуваат луѓето. Тоа е работа на судот – значи судијата го креира профилот, досието што доаѓа кај нас. Само судот може да ги проверува фактите и доказите, не ние. За мене најважно е кој и како ја прави селекцијата во затворите – кога ќе побараат или самите затвореници или нивните најблиски намалување на казната и кој го ниже досието. Ако внатре ги немате сите потребни елементи, тогаш ниту Министерството за правда, ниту ние може навистина да имаме вистинска претстава за луѓето. Затоа, велам дека во иднина дури и во рамки на Судскиот совет би можело да се разгледува начинот на кој што судиите ги креираат досиејата за луѓето, бидејќи од тоа зависи како ќе постапуваме ние, потенцира претседателката на државата.

Според претседателката, потребен е нов модерен закон за помилување во кој што суштината ќе бидат луѓето затвореници.

Во однос на тоа дали би требало да се предвиди поголем период од три месеци за помилување, таа додава дека тоа треба да го предложат овластените предлагачи на закони, но вели, можеби е потребно да се преиспита и самата казнена политика.

– Ние не сме имале случај на помилување на луѓе кои биле доживотно осудени или на многу долги казни. Прашањето во Советот на Европа е зошто некому на 70 години да не овозможите да ја види светлината на денот и да си ги види своите. Сите тие прашања и многу други ќе дојдат на дневен ред и тоа ќе биде еден хуман пристап на една одговорна држава која води сметка за сите граѓани, вели Сиљановска Давкова.

Од Кабинетот на претседателката вчера информираа дека по повод новогодишните празници помилувани се седум лица од кои едно потполно, а шест делумно. Шестемина осудени лица се помилувани во траење од три месеци, а едно лице три месеци и четири дена, што кај него доведува до потполно ослободување од извршување на казната затвор.

Комисијата за помилување е дел од телата на претседателката, која по предлог на Министерството за правда одлучува кој и какво помилување ќе добијат затворенците со правосилни пресуди.

Сите членови на првата Комисија за помилување што беше формирана од Сиљановска Давкова, поднесоа оставка од функцијата по критиките во јавноста за дел од имињата на листата за помилување кои беа објавени по повод празникот 23 Октомври. Новиот состав на Комисијата беше формиран на крајот на ноември, а го предводи д-р Милка Ристова.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Се отвори ски центарот „Михајлово“, како Влада продолжуваме да работиме на реализација на проекти
Следна Статија (ВИДЕО) Николоски: Традиционално – колаж од најзначајните настани во 2024 година!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Магдалена Алексовска, прва од Македонија дипломира на „Вагнер“ 

Магдалена Алексовска дипломира на колеџот „Вагнер“ во Њујорк, САД, и за кратко време успеа да ја добие работата од своите…

November 8, 2024
МАКЕДОНИЈА

Томевски: Успешна интервенцијата на пожарот во Трубарево, целосно е под контрола

Пожарот кој изби во објект со електронски отпад во Трубарево е целосно под контрола. Покриени се околу 80 проценти од…

September 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Пола милијарда евра за проекти во општините, околу 11 до 12 милиони евра за Куманово

Од централниот буџет предвидени се пола милијарда евра за прокти во општините, од кои 11 до 12 милиони евра за…

September 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Безбедносната состојба е стабилна и под контрола

Безбедносната состојба е стабилна и под контрола, изјави претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова по состанокот на Советот за безбедност во…

August 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?