Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска-Давкова присуствуваше на свечено одбележување на Водици во Охрид и во Струга
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска-Давкова присуствуваше на свечено одбележување на Водици во Охрид и во Струга
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова присуствуваше на свечено одбележување на Водици во Охрид и во Струга

Објавено January 19, 2025 19:20
Сподели
Сподели

Претседателката Сиљановска-Давкова присуствуваше на свечената манифестација по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици во Охрид, каде поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г. г. Стефан ги освети водите на Охридското Езеро положувајќи го светиот крст во нив.

Поттикнати од длабоката вера во божествениот благослов на осветените води, од вековната традиција која го симболизира крштевањето на Исус Христос и од желбата за духовна обнова, стотици верници учествуваа во светиот чин, славејќи ги заедништвото и љубовта како темел на нашето духовно богатство.

Претседателката, на најсреќниот меѓу верниците, Мартин Гоџо, кој успеа да го фати светиот крст, му подари уметнички изработена резба. Таа му посака добро здравје, лична среќа и духовна исполнетост, истакнувајќи дека неговото постигнување го облагородува духот на храброст, надеж и посветеност, кои го красат овој возвишен празник.

Продолжувајќи со чествување на празникот Богојавление – Водици, претседателката во Струга присуствуваше на црковната церемонија на осветување на водите и положувањето на светиот крст во реката Црн Дрим – свет чин, што го изврши неговото Блаженство г. г. Стефан. На Томче Голабоски, најсреќниот меѓу верниците кои влегоа во осветените води на реката, таа му подари рачно изработена резба, посакувајќи му живот исполнет со здравје, радост и благосостојба и истакнувајќи дека овој празник ја слави обновата на духот, заедништвото и вечната сила на вербата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп: Зачувајте го „Tик-ток“
Следна Статија „Ги навредуваше Србите и мене“: Ѓоковиќ објасни зошто не дал интервју на теренот по победата над Лехечка (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Новинари повикани во полиција, па пуштени, бидејќи снимале со дрон на денешните протести

Новинарски екипи од ТВ21 и Ројтерс вечерва биле повикани на разговор во полиција поради немање соодветна дозвола за снимање со…

March 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Утре е Бадник: Што се треба да се најде на масата?

Бадник го означува почетокот на подготовките за најрадосниот христијански празник – Божик. Името е поврзано со бадникот, дабово дрво кое…

January 5, 2026
МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски: Нашето убаво Скопје – чисто и достоинствено

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски синоќа на неговиот официјален фејсбук-профил објави нови фотографии од акцијата за чистење на централното подрачје…

November 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

ЗОО Скопје во сабота ги отвара вратите за посетители

Зоолошката градина во Скопје соопшти дека повторно ќе биде отворена за посетители од сабота откако во октомври беше потврден случај…

November 7, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?