Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска – Пелегрини: Македонскиот пат кон ЕУ е заложник на билатерализацијата на проширувањето
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска – Пелегрини: Македонскиот пат кон ЕУ е заложник на билатерализацијата на проширувањето
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска – Пелегрини: Македонскиот пат кон ЕУ е заложник на билатерализацијата на проширувањето

Објавено November 12, 2024 10:45
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на учеството на Самитот за климатски промени (КОП29) во Баку, оствари средба со претседателот на Република Словачка, Петер Пелегрини.

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи, македонските евроинтеграции, како и за потребата од заеднички регионален пристап во надминување на глобалните предизвици.

Словачкиот претседател на средбата оцени дека македонската евроинтеграција е заложник на билатерализацијата на проширувањето на ЕУ, при што нагласи дека Словачка е силен поддржувач на проширувањето на Европската Унија и Братислава ја критикувала блокадата на македонската евроинтеграција на многу состаноци на Советот на ЕУ.

Претседателката Сиљановска Давкова истакна дека високо ја цениме досегашната поддршка од Словачка за македонскиот евроинтегративен пат и изрази убедување дека меѓусебната помош ќе продолжи и во натамошниот дел од процесот на нашето пристапување во Европската Унија.

Претседателката изрази задоволство од континуираниот развој на македонско-словачките односи и уверување за уште поуспешна и плодна соработка во периодот што следи. Како сојузнички во НАТО, претседателката Сиљановска Давкова изрази уверување за продолжување на добрата соработка во одбраната и во безбедноста.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Запален покрив на барака во Бутел
Следна Статија Четири години земал мито по 200 евра: Референт од Македонски шуми заврши во притвор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Според ОН, Македонија во 2100 година ќе има 52 отсто помалку население!

Перспективи на светското население 2024“, документ на Обединетите нации, предвидува дека Македонија во 2100 година ќе има 52 проценти помалку…

March 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ги труеле граѓаните со канцероген мазут за да се стекнат со богатство од над стотици милиони евра, секој кој се огрешил пред законот ќе одговара

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос акцијата на МВР за случајот…

March 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

ВИДЕО: Голема поплава во Влае поради пукната цевка – без вода останаа неколку населби во Скопје

Вечерва во скопската населба Влае пукна една од главните водоводни цевки, предизвикувајќи голема поплава на неколку улици. Водата навлезе во…

October 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Силјановска Давкова за спорот со Бугарија: Соломонско решение е она со одложено дејство

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова смета дека излезното соломонско решение за спорот со Бугарија е решението со одложено дејство. За ова,…

November 18, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?