Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Синдикатите оптимисти дека минималната плата ќе се зголеми на 450 евра, за работодавачите не е прифатливо паушално зголемување
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Синдикатите оптимисти дека минималната плата ќе се зголеми на 450 евра, за работодавачите не е прифатливо паушално зголемување
ЕКОНОМИЈА

Синдикатите оптимисти дека минималната плата ќе се зголеми на 450 евра, за работодавачите не е прифатливо паушално зголемување

Објавено December 6, 2024 21:20
Сподели
Сподели

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) Слободан Трендафилов е оптимист дека може да се најде прифатливо решение за зголемување на минималната плата во државата на 450 евра, а претседателката на Организација на работодавачи Владанка Трајкоска вели дека не може да биде прифатливо паушално зголемување на минималната плата и оти постојат параметри врз основа на кои се определува.

На денешната седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС) кажавме дека платите во Македонија мора да растат. За наша среќа, никој на седница не рече дека не треба тоа да се случи. Сметам дека аргументите кои ги изнесовме – нискиот животен стандард, се потешкиот живот тука, зголемувањето на платите во регионот кој не опкружува каде што најчесто заминуваат македонските работници ни даваат позиција во која можеме да сметаме дека можеме да постигнеме некакво решение во наредните денови – изјави Трендафилов по втората седница на ЕСС во Владата.

Нагласи дека охрабрува фактот што повторно ќе има седница на ЕСС.

Добивме ветување дека повторно ќе се видиме и ќе разговараме исто така за платите. Во Буџетот охрабрува тоа што има предвидено повеќе пари во делот за платите. Очекуваме Владата да ги распредели онака како што е предвидено со општиот колективен договор и сите вработени во државата, наредната година во месец март да добијат зголемување на нивните плати по процент и коефициент на сложеност по просечна плата – рече Трендафилов.

На седницата на ЕСС, како што кажа, не изостана ни прашањето кое е многу битно за огромен број на работници, близу 30.000, кои примаат минимална плата.

Сметаме дека со растот на платите во јавниот сектор нема да има ниту еден работник на минимална плата, односно на плата под 450 евра и нема да има никакво финансиско оптоварување доколку минималната плата во наредните месеци се зголеми на најмалку 450 евра. И предложивме на Организацијата на работодавачи, односно на работодавачите од приватниот сектор да го легализираат тоа што го прават денеска нелегално со исплатите на вработените во плик. Тоа што се потврди како информација е дека 540 илјади работници во Македонија примаат плата додека, пак, по Статистики 691 илјада што кажува 6000 илјади работници се на договор на дело. Мислам дека тоа е недопустливо во една држава – рече Трендафилов.

Потсети дека работодавачите и во 2022 година имаа отпори на зголемувањето на минималната плата.

Не можеме ние да издржиме повеќе да живееме со такви мизерни плати кои ги даваат работодавачите во приватниот сектор. Тие може да кажуваат, да даваат изјави дали треба да се зголемат платите, дали не треба да се зголемат платите меѓутоа да внимаваат следниот пат кога ќе кажуваат дека нема работна сила во Македонија. Најголемите виновници за иселување на квалификуваните работници од Македонија се токму тие – потенцира Трендафилов.

Владанка Трајкоска претседател на Организација на работодавачи изјави дека единствена точка на дневен ред на денешниот состанок било разгледување на Буџетот за 2025 година, а имало и точка разно.

На втората седница на ЕСС се разгледуваше Буџетот за 2025 година и имавме неколку дискусии по различни теми. Во делот на минималната плата имавме неколку различни дискусии. Најголемата дискусија беше во делот на зголемување на платите на јавната администрација – изјави Трајкоска.

На новинарско прашање дали за работодавачите е прифатлива минимална плата од 450 евра, рече дека не може да биде прифатливо паушално зголемување на минималната плата.

Постои закон, постојат параметри врз основа на кои се определува минималната плата – потенцира Трајкоска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Доктор Николов во посета на Гинекологија во Чаир- еден од бисерите на здравствениот систем во Македонија
Следна Статија Тошковски: Безбедносната состојба не е нарушена пред седницата на Уставниот суд

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Нова потенцијална инвестиција на холандската компанија PWT Group BV во ТИРЗ

Директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Гоце Димовски денеска имаше работна средба со Питер ван дер Легте, извршен потпретседател на ВДЛ…

October 29, 2025

Затворањето на погонот на Тајсон во Небраска ќе влијае на градот и фармерите низ земјата

Одлуката на Тајсон Фудс да затвори погон за говедско месо во Лексингтон, Небраска, може да има сериозни економски последици за…

November 26, 2025
ЕКОНОМИЈА

Славески: Инфлацијата е непопуларна и Владата знае, за една-две години ќе имаме ниска стапка на инфлација

На Владата не ѝ одговара да има висока инфлација и на највисоко ниво таа е свесна за тоа. Кога одат…

August 31, 2025
ЕКОНОМИЈА

Од Вашингтон и Њујорк, директно во скопски Петровец Мицкоски промовираше две иневстиции

Нема време за чекање. Од Вашингтон и Њујорк, директно во скопски Петровец, вели премиерот Христијан Мицкокси, кој денеска ќе изврши…

January 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?