Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Синот на норвешката принцеза уапсен поради силување
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Синот на норвешката принцеза уапсен поради силување
СВЕТ

Синот на норвешката принцеза уапсен поради силување

Објавено November 19, 2024 14:00
Сподели
Сподели

Норвешката полиција објави дека 27-годишниот син на норвешката принцеза Мете-Марит е уапсен под сомнение за силување.

Во полициското соопштение се наведува дека Мариус Борг Хојби, кој бил роден од врската пред Мете-Марит да се омажи за престолонаследникот Хакон во 2001 година, бил уапсен во понеделникот вечерта.

Тој е осомничен дека го прекршил кривичниот закон кој се однесува на „обљуба со лице кое е во несвест или од други причини и не може да даде отпор“, се наведува во соопштението.

Она што полицијата може да го каже за силувањето е дека тоа е сексуален чин без сексуален однос. Жртвата, како што се тврди, не можела да се спротивстави, додаваат од полицијата, пишува Дејли мејл.

Борг Хојби првично беше приведен на 4 август по ноќна расправија во станот на една жена во Осло, со која бил во врска. Потоа беше обвинет за нанесување телесни повреди. Полицијата потоа пронашла заглавен нож во ѕидот во спалната соба на жената.

Во септември тој повторно беше уапсен поради прекршување на забраната за задржување. Кога бил уапсен во понеделникот, бил во автомобил со наводната жртва од инцидентот во август.

Полицијата соопшти дека сомнежите за августовскиот инцидент сега се проширени и на семејно насилство. Се уште не е одлучено дали Борг Хојби ќе биде приведен.

Роден е во 1997 година од врска пред Мете-Марит да се омажи за престолонаследникот Хакон, идниот крал на Норвешка. Тој и неговите полубраќа и сестри – принцезата Ингрид Александра (20) и принцот Свере Магнус (18) – пораснаа заедно. За разлика од нив, Мариус нема официјална јавна улога, пренесува медиумот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија До крајот на годината ќе се знае дали студентскиот оброк ќе биде 160 денари
Следна Статија Жена е убиена во двор од куќа во Подгорица

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трамп промовира „Златна картичка“ со која за пет милиони добивате постојан престој и државјанство на САД

Америанскот претседател Доналд Трамп ја претстави таканаречената „Златна картичка“, која дава право на постојан престој во САД и можност за…

April 5, 2025
СВЕТ

Зеленски се инати: Не е доволно само да се одржат избори,мора да ме спречите да учествувам, а тоа ќе биде малку потешко

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен да поднесе оставка доколку Украина за возврат стане членка на НАТО, а…

March 3, 2025
СВЕТ

(Видео) Израелската војска објави снимки од нападот во Газа

Израелските одбранбени сили објавија нови снимки од своите воздушни напади врз градот Газа во текот на изминатите два дена, во…

September 17, 2025
СВЕТ

Мексико и Канада најавија исти мерки откако Трамп им воведе царини од 25 %

Канада и Мексико кажаа дека соодветно ќе одговорат откако Доналд Трамп им наметна нови царини на трите најголеми трговски партнери…

February 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?