Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Скопје утрово е најзагаден град во Европа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Скопје утрово е најзагаден град во Европа
МАКЕДОНИЈА

Скопје утрово е најзагаден град во Европа

Објавено December 20, 2024 10:54
Сподели
Сподели

Скопје утрово е најзагаден град во Европа, покажуваат податоците на специјализираната страница за мерење на квалитетот на воздухот „IQAir“. Индексот на загаденост во Скопје достигна 163, што е висока вредност
Прв на листата на најзагадени градови во светот е Делхи во Индија, а по него се Лахор во Пакистан, Акра во Гана, Багдад во Ирак, Кабул во Авганистан, Дака во Бангладеш, Вухан и Ченгду во Кина, Ханој во Виетнам, а на десетто место е Скопје.

Според податоците на „IQAir“, Приштина е на 19-то место, Букурешт на 20-то, Белград на 25-то, Софија на 45-то и Атина на 63-то место.

Иницијативата „Зелен Хуман Град“ на протестниот марш против аерозагадувањето што се одржа на 10-ти овој месец во Скопје побара итно и системско справување со загадувањето на воздухот преку имплементација на ефикасни мерки кои ќе го заштитат здравјето на граѓаните и драстично ќе го намалат аерозагадувањето.

Организаторите на маршот, соопштија дека протестот се организира бидејќи секоја година од 3 828 до 5 000 луѓе во државава ги губат своите животи како директна последица на изложеноста на штетните честички ПМ2.5. Ова претставува 17,7 отсто од вкупната смртност во државата. Особено загрижувачки е фактот дека едно од девет починати деца под една година го губи животот поради загадениот воздух, беше посочено на маршот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ВМРО-ДПМНЕ: Груби со години ја крадел државата а негов соучесник бил Ковачевски, СДС и ДУИ знаеле, молчеле и не реагирале
Следна Статија Протест пред град Скопје: Вработените од „Улица и патишта“ бараат плати и к- 15

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Ахмети живее во времето од пред 20 години

Али Ахмети се уште живее во времето пред повеќе од 20 години. Вака министерот за надворешни работи и потпретседател на…

December 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Протест во Скопје против загадениот воздух: Граѓаните бараат итни мерки

Зелен хуман град утре од 16 часот организира протестен марш за чист воздух, кој ќе започне од Министерство за животна…

December 9, 2024
МАКЕДОНИЈА

Костадиновски: Тргнете ги рацете од Уставниот суд!

Тргнете ги рацете од Уставниот суд! Останете реално и вистински посветени на заложбите за владеење на правото, за правна држава…

December 23, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Арсовска нема капацитет да реализира капитални проекти

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во Тема на денот во Централниот дневник на ТВ Сител, изјави дека градоначалничката на Скопје,…

October 17, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?