Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Со ножеви нападнале полицајци откако ги застанале за лошо возење
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Со ножеви нападнале полицајци откако ги застанале за лошо возење
ХРОНИКА

Со ножеви нападнале полицајци откако ги застанале за лошо возење

Објавено December 27, 2024 17:00
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против две лица осомничени за напад на полициски службеници во Битола. На предлог од надлежен јавен обвинител, на двајцата им е определен притвор во траење од осум дена.

Осомничените, како што соопшти денеска Јавното обвинителство, со ножеви им се заканиле на двајца полициски службеници, кои постапувајќи по наредба за вршење на мотопатролна дејност на регионалниот пат Р23-33 Битола-Бистрица го запреле возилото во кое се наоѓале осомничените за да извршат контрола.

Со ножевите осомничените се упатиле кон полицајците, вербално заканувајќи им се дека ќе ги убијат. Едниот од осомничените и физички нападнал полицаец, го турнал и започнал да го стега за вратот, нанесувајќи му површинска телесна повреда. Кога полицајците се обиделе да го совладаат, другиот осомничен се обидел да ги спречи така што ги тргал за рацете и униформите. Двајцата осомничени биле лишени од слобода со засилување од интервентна екипа од СВР Битола, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Недостастуваат 100 вработувања на Инфективната клиника во Скопје, никој не сака да специјализира инфективни болести
Следна Статија Се огласи ОЈО: Ќе истражува кој го следел Мицкоски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Телото на обдукција: Велешанец пронајден починат во својот дом

МВР информира дека утрово околу 05 часот во СВР Велес, од Итна медицинска помош било пријавено дека во дом на…

November 29, 2024
ХРОНИКА

Борче Марковски, сопственикот на „Марковски компани“ оди во затворски притвор од 30 денови

Кривичниот совет на Основниот суд во Битола го преиначил решението на судијата на претходна постапка по жалбата на ЈО заради…

October 11, 2025
ХРОНИКА

Обвинение против десет лица осомничени за криумчарење луксузни автомобили

Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши постапката за обезбедување докази и поднесе обвинение против вкупно десет лица осомничени дека учествувале…

January 3, 2025
ХРОНИКА

Сарамаков за 50.000 евра ги оддал службените документи, дозволил сведок да ги снима

Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска…

April 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?