Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Со посебен закон ќе се спречува изградба на катна гаража зад Собранието
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Со посебен закон ќе се спречува изградба на катна гаража зад Собранието
МАКЕДОНИЈА

Со посебен закон ќе се спречува изградба на катна гаража зад Собранието

Објавено January 30, 2025 16:44
Сподели
Сподели

Претседателот на Собранието, Африм Гаши на брифинг со новинарите иформираше дека со посебен закон ќе се спречи изградбата на катната гаража со деловен простор веднаш зад Собранието. Со овој закон околината на Парламентот ќе биде прогласен за безбедносна зона.

„Најголемо внимание во подготовката на законот е обрнато на начинот како ќе биде обесштетен сопственикот на земјиштето, затоа што се работи за приватна сопственост, а законот мора да биде во согласност со Уставот“, рече Гаши.

Тој не прецизираше дали се предвидува национализација или експропријација на земјиштето, ниту пак, дали имаат процена колку пари ќе чини обесштетувањето на сопственикот.

„Веднаш откако почна да работи овој состав на Собранието формирав работна група, во која се претставници на сите надлежни институции, за да го решиме овој долгогодишен проблем. За жал, земјиштето зад Собранието е продадено на приватно лице, кое сакаше да изгради катна гаража. Три дена по мојот избор за претседател на Собранието, багерите веќе дојдоа. Работата беше сериозна. Во работната група дојдовме до едно законско решение, кое е 99 отсто завршено и со кое околината на објектот на Собранието ќе биде прогласена за безбедносна зона. Такви се сугестиите на безбедносните служби и така ќе се реши проблемот“, рече Гаши.

Тој додаде дека кога нацрт-законот е биде целосно готов, ќе им го дадат на сите пратенички групи.

 „Ова е државен интерес, на сите граѓани и сакаме овој закон да го изгласаат сите пратеници. Законот ќе го промовираме кога ќе биде целосно готов, затоа што можеби ќе има и други предлози од пратеничките групи. Но, ние, како работна група и како институција сакавме да предложиме едно долгорочно и содржајно решение“, рече Гаши.

Тој најави дека во текот на февруари ќе го испрати законот на пратениците, а брзината на неговото усвојување ќе зависи од пратеничките групи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Младата дизајнерка Фросина е девојката која синоќа беше прегазена на „Партизанска“
Следна Статија Oва се сите трошоци: Можат ли Македонците во Германија да дојдат до сопствена куќа или стан?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Не им бил дозволен влез во земјава: Пијани навивачи од Словачка дивееле на лет за Македонија

На 10.12.2025 околу 20:30 часот во СВР Скопје, од службите на Меѓународен аеродром Скопје и од Регионалниот центар за гранични…

December 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Претседателката Сиљановска-Давкова на погребот на папата Франциск

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова утре ќе присуствува на погребната миса посветена на Неговата светост папата Франциск, којашто ќе се одржи пред…

April 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Скопјани повеќе од 24 часа без вода – „Водовод“ требало да обезбедат цистерни

Повеќе делови од Скопје вчера околу 15 часа останаа без вода. Како што најавија од скопски Водовод поради поврзување на…

June 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ивановска: Неодговорноста и корупцијата се убијците на Росица и нејзиниот татко

Убијците на Росица и на татко и имаат име и презиме и се вика неодговорност и корупција, а истрагата, доколку…

September 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?