Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Средби со Светската банка: Мерките на Народната банка во насока на зајакнување на отпорноста на банкарскиот систем
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Средби со Светската банка: Мерките на Народната банка во насока на зајакнување на отпорноста на банкарскиот систем
ЕКОНОМИЈА

Средби со Светската банка: Мерките на Народната банка во насока на зајакнување на отпорноста на банкарскиот систем

Објавено October 26, 2024 17:46
Сподели
Сподели

Макропрудентната политика на Народната банка придонесе за дополнително зајакнување на отпорноста на банкарскиот сектор во изминатите неколку години на постојани кризи. Соодветната комбинација на мерки и политики овозможи повеќе показатели за здравоста на банкарскиот систем тековно да се подобри и во однос на предкризните нивоа. Ова беше посочено на состаноците на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и вицегувернерката Емилија Нацевска, со високи претставници на Светската банка, потпретседателката Антонела Басани, извршниот директор на Конституенцата на која ѝ припаѓаме, Јуџин Ругенаат, како и тимот на Светската банка за платните системи, за време на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка, кои се одржуваат во Вашингтон, САД. Средбите беа одржани заедно со министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и нејзиниот тим.

На средбата со претставниците од Светската банка беше посочено дека и покрај шоковите од невидени размери, банкарскиот сектор ја зголеми својата отпорност што јасно се гледа од повеќе индикатори. Адекватноста на капиталот е значајно зголемена на 19% што е највисоко ниво во изминатите две децении. Ликвидноста на банките е на високо ниво. Квалитетот на кредитното портфолио е подобрен во однос на предпандемискиот период со учество на нефункционалните во вкупните кредити од околу 3%.

На средбите стана збор за натамошната соработка со Светска банка, која преку повеќе проекти дава техничка помош за дополнително јакнење на капацитетите на земјата и на централната банка за унапредување на макропрудентната рамка, управување со климатските промени, оформување на регулаторната рамка за решавање банки, како и модернизирање на платните системи. Светската банка обезбеди техничка помош за Народната банка во процесот на изработката на Стратегијата за спроведување на макропрудентната политика во Република Северна Македонија, како и за зајакнување на рамката за следење на системските ризици, во насока на јакнење на отпорноста на финансискиот систем, како основа за макроекономската стабилност. Светската банка дава поддршка и во изработка на подзаконската регулатива за Законот за решавање на банки, кој ќе стапи на сила од октомври 2025 година, а ќе се побара и техничка помош за усогласување со Законот за банки.

Во делот на зелените финансии, Светската банка ѝ пружи поддршка на Народната банка за подготовката на тригодишен план на активностите на Народната банка, во доменот на управувањето со ризиците од климатските промени. Во следниот период Народната банка ќе биде посветена на приспособувањето на супервизорскиот пристап, методологијата за стрес-тестирање на банките од аспект на климатските ризици и за вршење подлабински анализи на овие ризици во банкарскиот сектор.

Во насока на имплементација на активностите на Берлинската иницијатива и Акцискиот план за заеднички регионален пазар за периодот 2021-2024 поддржан од Европската Комисија и Светската банка, а со кој е предвиден и развој на модерен платен систем за инстант плаќања во земјите од Западен Балкан, на средбата со тимот на Светската банка се дискутираше и за можностите за имплементација на клонот на ТИПС системот во нашата земја. Клонот на ТИПС системот кој го развива Банката на Италија за извршување на инстант плаќања во земјите од Западен Балкан, се разгледува од Народната банка како една од можностите за обезбедување побрзи, поедноставни и поевтини плаќања за граѓаните и компаниите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сообраќајна несреќа меѓу трактор и автомобил на патот Тетово – Јажинце
Следна Статија Најавени нови протести поради прекумерниот туризам во Шпанија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Во Германија е пронајдено едно од најголемите наоѓалишта на литиум во светот

Германската компанија за истражување и производство на нафта и гас „Нептун Енерџи“ минатата година ја доби првата лиценца за производство…

September 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

Глобалниот крипто пазар доживеа голем пад по објавата на поранешниот претседател Доналд Трамп дека ќе воведе 100% тарифa на кинески технолошки увоз

Глобалниот крипто пазар доживеа голем пад по објавата на поранешниот претседател Доналд Трамп дека ќе воведе 100% тарифa на кинески…

October 11, 2025

Банката на Јапонија ги зголемува економските проекции пред превремените избори, задржувајќи ги каматните стапки на 0,75%

Банката на Јапонија ги зголеми проекциите за БДП за фискалната 2025 година на 0,9%, а исто така ја зголеми проекцијата…

January 24, 2026
ЕКОНОМИЈА

Исплатена првата транша во вредност од 10,4 милиони евра од унгарскиот кредит

Развојната банка ја исплати првата транша во износ од 10,4 милиони евра, кон комерцијалните банки за проекти на 47 компании,…

March 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?