Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Стојаноски: Не е сериозен предлогот на СДСМ за укинување на 5% ДДВ за 250 производи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Стојаноски: Не е сериозен предлогот на СДСМ за укинување на 5% ДДВ за 250 производи
ЕКОНОМИЈА

Стојаноски: Не е сериозен предлогот на СДСМ за укинување на 5% ДДВ за 250 производи

Објавено November 5, 2024 10:01
Сподели
Сподели

Во емисијата „24 анализа“ на телевизија 24, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски се осврна на актуелните мерки за есенската потрошувачка кошничка, како и на предлогот на СДСМ за укинување на 5% ДДВ на околу 250 прехранбени производи. Стојановски истакна дека овој предлог не е доволно сериозен.

„На такви несериозни изјави од СДС треба веднаш и неодложно да се стави крај и затоа брзо треба да се пресретнат тие изјави, од причина што на прес-конференцијата до Венко Филипче стоеја двајцата креатори на економската политика во претходниот мандат, господинот Битиќи и Ковачевски, кој им донесе 18 пратеници и ништо од тоа што го смислија не дава резултати. Сега имаме нова реалност да се поднесуваат такви закони“, рече Стојаноски.

Стојаноски приложи и документи како ексклузивна информација до Телевизија 24.

„На Комисијата за избори и менувања е избран новиот состав на Комисијата за заштита на конкуренцијата и таа, како надлежен орган, веднаш ќе почне со следење на Законот за нефер трговски практики за да може тој да биде спроведен и да имаме одредено олеснување, односно поефтинување на цените“, истакна Стојаноски.

Стојаноски потенцираше дека актуелните мерки, иако се различни од претходните, носат позитивни резултати, при што посочи дека храната во последниот месец е поевтина за 965 денари.

„Ние ќе продолжиме со ваквиот тип на мерки кои се суштински различни од претходните. Ние сме многу сериозни во намерата да го зголемиме стандардот, и не само преку намалување на инфлацијата, покачување на пензиите и платите, и помошта на приватното стопанство, туку и директна борба со овие појави кои што се особено негативни“, заклучи Стојаноски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Димитриевски до Ахмети: Доколку се случи било каков обид за дестабилизација на државата, државата ќе одговори
Следна Статија Загина ловџија: Случајно се самоубил бранејќи го синот од дива свиња

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Парадокс: Најсиромашни семејства, трошат најскапа струја

Во Македонија има околу 50.000 броила за струја кои влегуваат во категоријата за енергетска сиромаштија, но тоа не ги спречува…

April 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Интензивно се работи на автопатот Прилеп-Битола, очекувам до 2027 година да биде завршен

Личен момент е да кажам дека сум исклучително задоволен што можеме конечно на терен да ги видиме сите оние работи…

November 2, 2024
ЕКОНОМИЈА

Јазот се проширува: Внатре во К-образната економија на Доналд Трамп

За време на вториот мандат на претседателот, богатите стануваат поуште побогати, а сиромашните стануваат поуште посиромашни

December 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Елон Маск најавува историска инвестиција од 20 милијарди долари во Мисисипи

xAI на Елон Маск планира да изгради огромен податочен центар во Јужен Мисисипи

January 10, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?