Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Стојаноски: Со власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ растат платите во образование, здравство, полиција, армијата и администрацијата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Стојаноски: Со власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ растат платите во образование, здравство, полиција, армијата и администрацијата
МАКЕДОНИЈА

Стојаноски: Со власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ растат платите во образование, здравство, полиција, армијата и администрацијата

Објавено November 24, 2024 23:00
Сподели
Сподели

На гостувањето на поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски го пофали договорот на Владата за покачување на платите во здравството, бидејќи како што вели тој, сега Владата има слух за барањата и ги решава проблемите.

-Јас сум многу задоволен кога ќе ги видам и претставниците на синдикалните здруженија кога ќе ги пофалат одредени потези на Владата, бидејќи во минатото многу често нив ги гледавме во улога пред Владата на протести барајќи си ги своите основни права. А, впрочем ние и за тоа ја добивме власта, тоа го понудивме на граѓаните и затоа победивме, потенцираше Стојаноски.

Пратеникот посочи дека опозицијата, кога била власт, не нашла начин и по седум години владеење, да ги зголеми платите на полицијата, армијата и администрацијата, а сега преку амандмани барале покачување на истите, без да проверат во буџетот дека ќе се зголемат платите во овие сектори.

-Пораснаа платите во образованието, пораснаа во здравството, ќе се покачат и на полицијата, во армијата целосно се почитува колективниот договор. Исто така има предвидено средства и за покачување на минималната плата и за покачување на платите и во државниот и приватниот сектор, појасни Стојаноски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јапонците измислиле машина за перење- луѓе: Го прочистува и умот (ВИДЕО)
Следна Статија РК Вардар му го нанесе првиот пораз на Алкалоид во Супер Лигата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Проданоски: Граѓаните гласаа за да има правда во државата и тоа се реализира

Во вечерашното гостување на Телевизија Телма во емисијата „Топ Тема“ присуствуваше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Дејан Проданоски кој се осврна на…

December 25, 2024
МАКЕДОНИЈА

МОН: Испораката на учебниците завршува деновиве, електронскиот дневник функционира без проблеми

Министерството за образование и наука реагира на прес конференцијата на политичката партија СДСМ од каде со истите, препишани лански соопштенија…

September 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за разрешувањето на Коцевски: Имаше доволно време да се покаже како бескомпромисен борец за правдата, за жал таа доверба не ја оправда

Јавниот обвинител Љупчо Коцвски имаше доволно време да се покаже како бескомпромисен борец за правдата, за жал таа доверба не…

February 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Објавен првиот „Македонски етимолошки речник“

Објавен е првиот том од првиот „Македонскиот етимолошки речник“ (А-Ж) од професор д-р Гоце Цветановски, научен советник во Институтот за…

December 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?