Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Струјата ќе поскапи, ама малку, до наредната пролет нема нова евтина тарифа за домаќинствата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Струјата ќе поскапи, ама малку, до наредната пролет нема нова евтина тарифа за домаќинствата
ЕКОНОМИЈА

Струјата ќе поскапи, ама малку, до наредната пролет нема нова евтина тарифа за домаќинствата

Објавено December 2, 2024 15:00
Сподели
Сподели

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, денеска ги соопшти новите цени за пренос на електрична енергија и за дистрибуција на електрична енергија, како и цената на операторот на пазарот на струја.

„Оној дел што е најбитен и кој се однесува на домаќинствата и на најголем број на малите потрошувачи, делот од мрежарина, вклучувајќи го и преносот и дистрибуцијата, таму има намалување за 7 %“, истакна Бислимоски.

Во однос на другите просечни цени, цената на МЕПСО за пренос на електрична енергија се зголемува 5,68 %, при што влијанието на крајната цена е 4 %, цената за дистрибуција на електрична енергија се намалува 5,52 %, влијанието на крајната цена изнесува 33 % и цената на операторот на пазарот на електрична енергија се зголемува 19,8 %, каде што влијанието е екстремно мало и изнесува само 0,19 %, рече Бислимоски.

Според него, не се очекува поголемо покачување на просечната цена на струјата кај домаќинствата, односно Бислимоски не очекува таа да биде поголема од еден процент.

Во врска со дневната евтина тарифа, Бислимоски појасни дека анализите покажале оти цената на електричната енергија на најголемата берза во регионот, како и на нашата берза, се најниски во периодот од 12 до 16 часот, а највисоки од 20 до 24 часот.

„Имајќи предвид дека нашите домаќинства веќе имаат стекнати навики во однос на евтината тарифа, се одлучивме до пролет да ја оставиме ситуацијата таква каква што е, па потоа врз основа на состојбата во АД ЕСМ ќе носиме понатамошни одлуки. Инаку, во однос на дневната евтина тарифа, Македонија е единствена држава во регионот што има евтина тарифа во текот на денот“, потсети Бислимоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Намалување на цените на горивата од полноќ
Следна Статија Петрушевски: ЈО, Коцевски и обвинителите бирани во Струмица и Зајас 6 месеци не мрднаа со прст, затоа довербата во правосудството е 2%

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Зајакната контрола врз експлоатацијата на минералните суровини

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Управата за јавни приходи (УЈП) потпишаа Меморандум за соработка, кој има за…

December 25, 2024
ЕКОНОМИЈА

Мрежата за родов надзор алармира: Буџетот за 2025 година без родова перспектива

Буџетот за 2025 година, кој се очекуваше да биде првиот со родова димензија, не целосно одговара на барањето на член…

November 23, 2024
ЕКОНОМИЈА

Бројот на странски туристи зголемен за 15 отсто

Во периодот јануари – јули 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е…

September 11, 2025
ЕКОНОМИЈА

Светски гигант од рангот на „Гугл“ и „Фејсбук“ ќе купува струја од Македонија, најави Мицкоски

Можеби некој не успеа да ги донесе „Гугл“ и „Фејсбук“, но многу веројатно еден голем светски бренд ќе купува електрична…

July 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?