Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Студен арктички бран во Вашингтон на денот на инаугурацијата на Трамп
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Студен арктички бран во Вашингтон на денот на инаугурацијата на Трамп
СВЕТ

Студен арктички бран во Вашингтон на денот на инаугурацијата на Трамп

Објавено January 18, 2025 21:40
Сподели
Сподели

Студен арктички бран со температури под нулата се очекува да зафати поголем дел од САД од утре до следната недела, што ќе погоди милиони Американци, а ги смени и плановите околу инаугурацијата на новиот американски претседател Доналд Трамп.

Национална метеоролошка служба соопшти дека во Вашингтон на денот на инаугурацијата се предвидува екстремен студ, при што температурите ќе се спуштат и до -11 степени Целзиусови, што заедно со ветрот ќе се чувствува како уште постудено време. Поради лошите временски услови и поларниот суд, инаугурацијата на Трамп наместо на отворено пред Капитол, ќе се одржи во затворен простор.

Најстуденото време во оваа зимска сезона, кое ќе се движи од запад кон исток, е резултат на феноменот познат како поларен вител што ќе предизвика значително опаѓање на температурите низ САД.

Ниските температури со себе носат „опасни по живот“ ризици од хипотермија и смрзнатини, предупредува Националната метеоролошка служба.

Меторолози од AccuWeather, пак, прогнозираат дека дури и делови од западниот брег на Гренланд во наредните денови ќе бидат потопли од Тексас.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Оформени 50 предмети за случаи на нефер трговски практики
Следна Статија Видео: Публиката ја исвирка тенисерката во Мелбурн, нејзината реакција стана вирална

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трамп: Го откажав вториот бран напади врз Венецуела

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека го откажал вториот бран напади врз Венецуела откако Каракас се согласил на соработка.…

January 9, 2026
СВЕТ

Американец убиен во 2021 „оживеа“ со вештачка интелигенција за да му се обрати на својот убиец во судница

Симулација на починат човек создадена од вештачка интелигенција му се обрати на неговиот убиец во судот во Аризона, што е прв таков случај во САД. Направен…

May 10, 2025
СВЕТ

Демократите во шок по поразот на Камала Харис

Меѓу членовите на Демократската партија има незадоволство и преиспитување откако американската потпретседателка Камала Харис доживеа шокантен изборен пораз, пренесоа американските…

November 6, 2024
СВЕТ

НЕ ПОМИНА новиот пакет санкции на ЕУ против Русија – Една членка го блокираше предлогот

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ не успеаја да постигнат консензус за 18-тиот пакет санкции против Русија поради…

July 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?