Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Студентскиот стандард ќе се зголемува со повеќе од 30 милиони евра, се реконструираат студентските домови, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Студентскиот стандард ќе се зголемува со повеќе од 30 милиони евра, се реконструираат студентските домови, велат од ВМРО-ДПМНЕ
МАКЕДОНИЈА

Студентскиот стандард ќе се зголемува со повеќе од 30 милиони евра, се реконструираат студентските домови, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Објавено November 18, 2024 11:40
Сподели
Сподели

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го зголемува студентскиот стандард со повеќе од 30 милиони евра, односно се зголемува за 18% повеќе од лани. За енергетски ефикасна рехабилитација се издвоени шест милиони евра. Се работи на реконструкција на студентските домови, за кои се очекува да бидат ставени во функција следната година“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Во однос на ученичкиот стандард, Владата предвидува зголемување од 12% споредбено со минатиот буџет. Предлог Буџетот за 2025 година на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е развоен во делот на млади и образование. Насочен е да се подобрат условите за учење, студирање и живот на младите. За оваа цел, се предвидуваат три милијарди денари повеќе во Буџетот за образование.

Образовните работници ќе добијат покачување на платите во март од 7%. Платите ќе продолжат да растат и во следните години од мандатот, ќе се зголемат за 46%.

Во однос на 2024 година, капиталните инвестиции ќе се зголемат за 115 милиони денари. Средствата ќе бидат насочени за изградба и обнова на училишта, обезбедување на подобри услови за нашите ученици и модернизација на образовната инфраструктура.

Врвен приоритет на Владата на ВМРО-ДПМНЕ се младите и образованието, а тоа ќе се зголемува секоја година“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јарецот да не верува на ветувања, Бикот да не се напрега
Следна Статија Воз излетал од шините кај Зелениково

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Николоски: Претходното раководство на Македонски пошти планирало да ја издаде централната зграда за ресторан со кабаре!

Претходното раководство на Македонски Пошти планирале да го издадат објектот на централната зграда за ресторан со кабаре, соопшти вицепремиерот и…

November 15, 2024
МАКЕДОНИЈА

Се реконструира Калето: Ќе се вложат 130.000 евра за оживување на запуштените музеи и уредување на просторот

На Скопското Кале денеска започна акција за средување на вегетацијата, кој простор подолго време е обраснат со висока и сува…

July 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Првото бебе во 2025 година е машко – се роди минута по полноќ во Скопје!

На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство  во Скопје во 00.01 часот се роди првото бебе во Македонија. - Се…

January 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Активен е пожарот кај валандовско Грчиште, повредени двајца вработени на „Македонски шуми“

Во текот на вчерашниот ден на територијата на државата имало вкупно 20 пожари на отворен простор, од кои два сè…

July 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?