Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Не излегувајте ако немате потреба: сончево и многу топло време со температури до 39 степени
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Не излегувајте ако немате потреба: сончево и многу топло време со температури до 39 степени
МАКЕДОНИЈА

Не излегувајте ако немате потреба: сончево и многу топло време со температури до 39 степени

Објавено June 25, 2025 09:38
Сподели
Сподели

Времето денеска ќе биде многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информира УХРМ.

Максималната температура ќе биде во интервал од 31 до 39 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 39 степени.

Министерството за здравство вчера информира дека се активира фаза 3, кога се очекуваат вонредно високи температури, кои го загрозуваат здравјето на населението, особено на најранливите групи.

Граѓаните потребно е најтоплиот дел од денот да го поминуваат во затворени, разладени простории, да консумираат доволно течности и да избегнуваат алкохол. Посебно да бидат внимателни хронично болните, лица постари од 60 години, бремените жени и помалите деца.

Министерството апелира до сите институции, работодавачи и граѓани да постапуваат одговорно и согласно следните мерки:

-Активирање на планови за вонредни услови – сите здравствени установи, установи за згрижување стари лица и образовни институции да постапат согласно интерните протоколи за кризна состојба.

-Да се реорганизираат работните процеси за вработените изложени на директна топлина и да се разгледа можноста за:

-Одложување на работниот процес во критичните часови (11:00–17:00) за работници изложени на директна топлина;

-Работа од далечина, флексибилно или двократно работно време каде што е изводливо;

-Работодавачите да обезбедат микроклиматски услови за работа согласно акцискиот план: простории со температура до 25°C, освен таму каде што природата на работниот процес налага поинаку;

-Ослободување од работни обврски за бремени жени и лица постари од 60 години, доколку работодавецот не е во можност да создаде соодветни микроклиматски услови за работа.

-Да се реорганизираат работните процеси за вработените изложени на директна топлина;

-Здравствените, образовните и социјалните установи да постапат согласно плановите за вонредни состојби, да го ротираат персоналот, и да обезбедат климатизирани простории за пациентите и вработените;

-Центрите за социјална работа, локалната самоуправа и Црвениот крст да ја интензивираат теренската поддршка за осамени, стари и бездомни лица;

-Образовните установи и градинките да избегнуваат активности на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот;

-Работодавачите да обезбедат соодветни услови за работа (температура до 25°C) и по можност да применат онлајн работа или флексибилно работно време;

-Да се обезбеди климатизиран јавен превоз за граѓаните во текот на целиот ден.
Министерството за здравство, заедно со сите надлежни институции, ќе продолжи со редовно информирање и спроведување на мерките, со цел заштита на здравјето на граѓаните.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Амфетамини, кесички за урина и лет без крај: Пилотите опишуваат детали од операцијата во Иран
Следна Статија Нов земјотрес во Охрид

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Во Трубарево нема надминување на граничните вредности на пм₁₀ честичките, се вели во Извештајот на Министерството за животна средина

Просечните концентрации на PM₁₀ честички во Трубарево се во рамките на дозволените граници, покажува Извештајот од индикативни мерења на квалитетот…

September 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова: Треба да сме горди како единствената држава во којашто Власите се уставен етнички ентитет, рамноправен со другите

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во честитката по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите истакна дека треба да сме…

May 23, 2026
МАКЕДОНИЈА

Поплавите се повлекуваат, 250 лица и натаму згрижени во Кичево

По обилните врнежи од дожд и снег што во изминатите денови предизвикаа излевања и евакуации во повеќе региони, состојбата постепено…

February 17, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Време е да се стави крај на злоупотребите на безбедносно-разузнавачките служби

Во интервју за Дојче Веле, премиерот и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во однос со скандалот со прислушкувањето од страна…

September 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?