Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сведокот Османи: Забележав вдлабнатина на возачката врата од возилото со кое дојде Палчо
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Сведокот Османи: Забележав вдлабнатина на возачката врата од возилото со кое дојде Палчо
ХРОНИКА

Сведокот Османи: Забележав вдлабнатина на возачката врата од возилото со кое дојде Палчо

Објавено November 20, 2024 13:40
Сподели
Сподели

Продолжи судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Предложен од обвинителството, прв сведочеше Ерол Османи, кој го познава Љупчо Палевски- Палчо речиси 25 години.

Сведочеше за нивната комуникација и средби, вклучувајќи детали за возилото и неговите активности на деновите поврзани со случајот.

-Му помагав на Палчо во издавањето на весникот „Глобал“. Бев повикан од уредници да помогнам бидејќи не одеше како што треба, а јас имам познавања од мрежи и компјутери, изјави Османи, опишувајќи го нивниот професионален однос од минатото.

На прашање од обвинителството за средбата на 28 ноември 2023 година, Османи објасни дека Палчо му се јавил претходниот ден и ја одложил посетата заради настинка.

-Ми рече дека е настинат и не можел да дојде на 27-ми, посочи Османи и додаде дека Палчо пристигнал кај него на 28-ми ноември со бело возило.

„Беше некое пикап бело, мислам француско возило. Забележав вдлабнатина на возачката врата“.

На прашањето од јавниот обвинител дали Палчо некогаш доаѓал со оружје, Османи одговори: Не.

Османи исто така истакна дека нивната комуникација обично се одвивала преку телефон или Фејсбук- Месинџер, бидејќи Палчо често не одговарал на телефонските повици.

Во своето сведочење, Османи ги спомена и здравствените проблеми на Палчо, истакнувајќи дека знаел за неговите проблеми со кичмата.

„Знам дека имаше последните две години проблем со кичмата, но не ми спомена дека планира патување и лекување,“ рече Османи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ројтерс: Путин подготвен да разговара со Трамп за крајот на војната. Кои се руските услови?
Следна Статија [ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО]: Насилник со стап по глава безмилосно тепаше куче во Скопје, полицијата го приведе; Анима Мунди: „Со какви психопати сме опкружени“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Хорор во кичевско: Маж со секира си ги нападнал родителите – таткото починал, мајката се бори за живот

Денеска (11.05.2025) во 07:10 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Е.А.(48) од селото Србјани, кичевско, поради…

May 11, 2025
ХРОНИКА

Маж почина во пожар во неговата куќа

Пожар доцна синоќа избувнал во куќата на 90 годишниот З.Ш. од селото Стримница, во кој сопственикот го загубил животот. Во…

November 19, 2024
ХРОНИКА

Денеска на Плаошник ќе биде погребан Владиката Тимотеј

Денеска ќе биде погребан митрополитот Дебарско-кичевски, господин Тимотеј, кој почина неодамна поради здравствени проблеми. Погребот ќе се одржи на Плаошник…

November 28, 2024
ХРОНИКА

Апелација му ја намали казната на Боки 13 од девет на пет години за „Рекет“

Апелација му ја намали казната на осудениот Бојан Јовановски-Боки 13 од девет на пет години затвор, дознава „Скопје1“. Судиите ја донеле…

March 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?