Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Светски ден на борба против ракот, рапиден раст на малигни заболувања
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Светски ден на борба против ракот, рапиден раст на малигни заболувања
ЗДРАВЈЕ

Светски ден на борба против ракот, рапиден раст на малигни заболувања

Објавено February 4, 2025 18:39
Сподели
Сподели

Доколку сакате колоноскопија со анестезија дојдете после 14 часот на приватно, доколку не, може на државно, се жалат пациентите од дополнителните трошоци за некои од скрининг процедурите кои се клучни за превенција од онколошки заболувања.

Сепак, и да сакаме да ги препратиме пациентите на превентивни прегледи, освен во Скопје, во останатите помали клиники и амбуланти, за нивно извршување опрема нема, не функционира или пак нема кадар, вели првиот човек на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски на Светскиот ден за борба против ракот, додавајќи дека наскоро матичните лекари ќе ги препраќаат пациентите на скрининг процедури и за тоа ќе треба да исполнат квоти.

И кога имаме можност за скрининзи, многу од препратените пациенти не доаѓаат, што значи дека и едукацијата за потребата од овие скрининзи како превентива од рак мора да се развива, вели Јовица Андоновски од Министерството за здравство.

Се уште се разгледува финансиската можност да се набави втор пет скенер за да се зголеми бројот на извршените пет скенови од две на три илјади годишно, вели Клековски. Од Министерството за здравство пак, известуваат дека оваа година е планирано проширување на програмата за скрининг на рак на црн дроб, како и превентивни прегледи за рак на простатата.

Светската здравствена организација со алармантни податоци – секој петти човек заболува од рак а во следните 25 години, бројот на заболени од рак ќе се зголеми за 77%, што ја акцентира клучноста на превенцијата од онколошки заболувања.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нема недостатоци во лекувањето на четиригодишното дете што почина во струшката болница
Следна Статија За петок повторно е најавен бојкот на маркетите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Алиу: Позитивната листа ќе биде ревидирана двапати годишно и ќе имаме нови лекови

Позитивната листа на лекови ќе биде ревидирана двапати годишно и ќе имаме нови лекови, најави денеска на прес-конференцијата министерот за…

September 24, 2025
ЗДРАВЈЕ

По 6 недели лекување: Двајца пациенти хоспитализирани во Пловдив, ќе бидат пуштени дома

Двајца пациенти кои беа на лекување во Пловдив по трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, ќе бидат пуштени на дома.…

April 28, 2025
ЗДРАВЈЕ

Во Белгија прогласен „портокалов аларм“ за опасност од респираторни инфекции

Белгиската Група за управување со ризици (РМГ) донесе одлука за покачување на нивото на опасност од респираторни инфекции во Белгија…

January 17, 2026
ЗДРАВЈЕ

ФЗОМ ќе покрива до шест обиди за ин-витро оплодување 

Македонија застанува рамо до рамо со европските земји кои го признаваат правото на родителство како фундаментално човеково право. Воведуваме јавно…

July 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?