Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СВР Скопје ги фати четворицата вмешани во вчерашното пукање во Чаир
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > СВР Скопје ги фати четворицата вмешани во вчерашното пукање во Чаир
ХРОНИКА

СВР Скопје ги фати четворицата вмешани во вчерашното пукање во Чаир

Објавено October 15, 2024 15:20
Сподели
Сподели

СВР Скопје го расчисти кривично правниот настан случен вчера (14.10.2024) околу 18 часот во Скопје на ул. „Христијан Тодоровски- Карпош“, во близина на општина Чаир, каде што од огнено оружје во левата нога е повреден Е.А. (35) од Скопје, соопштија денеска од скопската полиција.

Веднаш по добиената пријава преземени се опсежни мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Скопје – Единица за насилен криминал, во координација со „Безбеден град“ Скопје, како и OJO Скопје, при што се утврдени сите учесници во кривично правниот настан и тоа: Л.А. (32) и И.Т. (30), кои се лишени од слобода и задржани во полициска станица за понатамошна постапка, како и А.Р. (29) и М.И. (32), осудени лица на издржување на казна затвор во КПУ Идризово, а кои во текот на 14.10.2024 година, во времето на извршувањето на кривичното дело, користеле излез од затворот Идризово, по основ на работен ангажман.

Од лице место подигнати се траги од биолошко потекло, применети се апликатори за барутен тест од утврдените учесници во кривично правниот настан, обезбедени се видео записи од „Безбеден град”, а исто така утврдено е и возилото со кое едниот сторител доаѓа на лице место, по што истото е подигнато за криминалистичко техничка обработка.

По целосно документирање на настанот, во координација со OJO Скопје, од страна на ЕНК при СВР Скопје ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Муцунски – Бербок: Нагласена силната поддршка за европската интеграција на Македонија и потврдено цврстото пријателство помеѓу двете земји
Следна Статија Митева: Значителен напредок во Царинската управа, за само 3 месеци пораст на наплатата на приходите за 3 милијарди денари, или 9,2 % повеќе од истиот период лани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Вкупно 107 казни за непрописно вградени фолии и користење на т.н. флешери

Вкупно 107 учесници во сообраќајот се казнети минатиот месец во рамки на спроведувањето сообраќајни контроли на територијата на цела држава…

June 5, 2025
ХРОНИКА

Работник се бори за живот, откако падна од зграда која се гради во „Треска“

Попладнево работник паднал од зграда на просторот на поранешната фабрика „Треска“ во Скопје додека работел на неа, објави порталот СДК.мк.…

November 2, 2024
ХРОНИКА

Момче обвинето за задушување 78-годишна жена со перница во Челопек

Во селото Челопек во Скопје, 21-годишно момче е осомничено дека на 12 февруари 2026 година ја задушило 78-годишната жена со…

February 14, 2026
ХРОНИКА

Наплатил три пати поголем износ од сумата која ја позајмил – прилепски лихвар „падна“ во рацете на полицијата

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Г.Б.(51) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лихварство“. Пријавениот…

October 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?