Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Tелефонски разговор Мицкоски – Лутник: Потврдени цврстите односи меѓу САД и Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Tелефонски разговор Мицкоски – Лутник: Потврдени цврстите односи меѓу САД и Македонија
МАКЕДОНИЈА

Tелефонски разговор Мицкоски – Лутник: Потврдени цврстите односи меѓу САД и Македонија

Објавено April 10, 2025 08:52
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук објави дека вчера телефонски разговарал со американскиот државен секретар за економија Хауард Лутник за македонско-американското стратешко и економско партнерство. Било нагласено дека стратешкото партнерство со САД е врвен приоритет за Владата, како и важноста на американската поддршка за стабилен и просперитетен Балкан, а посебно за прашањата кои се од витално значење за економската соработка.

– Во текот на вчерашниот ден остварив телефонски разговор со американскиот државен секретар за економија, Хауард Лутник – пријател на Македонија и докажан поддржувач на нашата земја, кој веќе еднаш го посети Скопје. Во духот на блиското македонско-американско партнерство, потврдивме дека нашите односи се цврсти, пријателски и исполнети со заемна доверба, при што истакнав и дека стратешкото партнерство со САД е врвен приоритет за Владата. Ја нагласив важноста на американската поддршка за стабилен и просперитетен Балкан, а посебно за прашањата кои се од витално значење за економската соработка. Се согласивме да продолжиме да го развиваме стратешкото и економско партнерство помеѓу двете земји, наведува премиерот Мицкоски во објавата на ФБ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп зборуваше за одлуката да ги стопира царините три месеци: „Луѓето стануваа малку нервозни“
Следна Статија Огромен скок на берзите после повлекувањето на царините од страна на Трамп

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Се уште нема исход од вонредниот инспециски надзор во ОУ „7 март“ во с.Челопек

Записникот од вонредниот надзор на Државниот просветен инспекторат (ДПИ) во ОУ „7 Март“ во тетовски Челопек денеска до 15 часот…

December 3, 2024
МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски: Нашето убаво Скопје – чисто и достоинствено

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски синоќа на неговиот официјален фејсбук-профил објави нови фотографии од акцијата за чистење на централното подрачје…

November 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Магла на Плетвар и во Тетово, Струмица и Делчево

Намалена видливост поради магла има на планинскиот превој Плетвар до 50 метри и во градовите Тетово до 100 метри, Струмица…

January 23, 2026
МАКЕДОНИЈА

Скопје и утрово на листата на најзагадени градови во светот

Според последните мерења на квалитетот на воздухот во Скопје, рангиран е на петтото место на листата за најзагадени градови во…

November 26, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?