Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Taравари: Законот за правична застапеност нема да биде само за етничката категорија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Taравари: Законот за правична застапеност нема да биде само за етничката категорија
ПОЛИТИКА

Taравари: Законот за правична застапеност нема да биде само за етничката категорија

Објавено October 12, 2024 13:40
Сподели
Сподели

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска одговорајќи на новинарско прашање во врска со укинувањето на „балансерот“, уште еднаш го повтори ставот дека е потребен Закон за правична застапеност. Тој рече дека „Вреди“ веќе го подготвува законот, за како што најави, веќе следната недела ќе се одржи и јавна дебата.

Вреди подготвува нов закон, кој што се надевам идната недела ќе биде во јавна дебата. Ќе бидеме в координација со партнерите во коалиција. Од сите страни е констатирано дека „балансерот“ не функционираше како што треба, изјави Таравари пред почетокот на настанот „World Changers Balkan Summit“ во Филхармонија.

Тој подвлече дека е потребен Закон за правична застапеност, не само за етничка категорија, туку за сите категории кои што се маргинализирани во општеството.

Нам ни треба јавна дебата и синхронизација, бидејќи правичната застапеност е уставна категорија и секогаш кога нешто е уставна категорија, треба да постои и закон, додаде Таравари.

На новинарско прашање дали комисиите и во случајот со смртта на 14 месечното бебе на Детската клиника и со починатата родилка во Куманово покажаа дека станува збор за лекарска грешка, Тараври одговори дека најверојатно во понеделник ќе одржи прес-конференција на која ќе информира за двата случаи.

Јас за Куманово го прочитав извештајот. За 14 месечното бебе се уште не сум го прочитал, но се надевам дека во понеделник ќе имаме прес-конференција и за двата случаи. Ќе ве информирам во текот на утрешниот ден, рече Таравари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Циркус на Камп Ноу: Тепачка меѓу работници од Албанија и Романија, има повредени (ВИДЕО)
Следна Статија ЗАВРШИЈА ПРЕГОВОРИТЕ МЕЃУ ВЛАДАТА И СОНК: Наставниците ќе добијат покачување од 5% од овој месец

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Ветераните на ОНА му го вртат грбот на ДУИ? Хазби Лика и Гзим Острени на средба со челниците на Вреди

Хазби Лика и Гзим Острени, поранешни припадници на ОНА (УЧК), деновиве имаа средби со Билал Касами и Изет Меџити од коалицијата…

October 26, 2025
ПОЛИТИКА

Ѓеорѓиевски: Ќе победам во првиот круг, Скопје заслужува генералка, ред и стратегија

Актуелниот градоначалник на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Орце Ѓеорѓиевски, во интервју…

August 10, 2025
ПОЛИТИКА

Минчев за укинувањето на „балансерот“: Министерството не навлегува во содржината на одлуките, туку истите ги спроведува и применува

Министерот за јавна администрација Горан Минчев денеска одговорајќи на новинарско прашање во врска со укинувањето на „балансерот“ од страна на…

October 10, 2024
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Обвинувања од СДСМ: Кој го штити разрешениот началник на СВР Штип

„Власта која ја зави Македонија во црно се испречи на патот на правдата за најголемата трагедија во поновата македонска историја,…

May 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?