Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Томовски: СДС да не штити приватни бизнис интереси вредни половина милион евра, Антикорупциска да отвори случај
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Томовски: СДС да не штити приватни бизнис интереси вредни половина милион евра, Антикорупциска да отвори случај
ПОЛИТИКА

Томовски: СДС да не штити приватни бизнис интереси вредни половина милион евра, Антикорупциска да отвори случај

Објавено January 22, 2025 17:13
Сподели
Сподели

Ја разбирам нервозата во редовите на СДС која потекнува не само поради политичката неинвентивност и алчност, туку пред сѐ, поради бизнис интересите кои им се засегнати поради законитото работење на СОЗР, но и тесните бизнис интереси кои тие ги имаат со конкуренцијата во сферата на кој се однесува овој тендер, реагира директорот на Службата за општи и заедички работи Ивица Томовски по денешното соопштение за него од СДСМ.

Кога непознати лица од партијата ќе ги пуштат како топовско месо на прес-конференции да сеат лаги и манипулации, а не им кажуваат дека всушност ги “горат”, треба да им кажат дека со истите тие прес-конференции штитат за половина милион евра поскапа понуда за обезбедување на истиот тендер кој го спорат. Значи, болката на СДС е што се заштедија половина милион евра и истите не припаднаа на бизнис интересите кои ги застапуваат. Фактите се следни. Со тендерот обезбедив конкуренција, при што се наддаваа четири фирми, што не беше случај во изминатите шест години, кога само една фирма која конкурирала, секогаш го добивала тендерот на максималната вредност. Понудата се спушти за половина милион евра и исто толку се заштедија пари на граѓаните. Штета што господата од СДС жалат за тоа дека се заштедени пари на граѓаните, а не се наполнети паричниците на луѓето блиски до таа партија. Добитникот на тендерот, компанијата „Праеториан“, на никаков начин не е поврзана со мене, ниту му припаѓа на некој мој роднина. Ова е чиста дезинформација и обид за манипулација на јавноста. На крај, ги повикувам СДС се што имаат да достават до Јавното обвинителство и до Државната комисија за спречување на корупција. Во спротивно, јасна е намерата да лажат и манипулираат со овој случај. Воедно, убеден во исправноста на мојата одлука, лично ја повикувам Антикорупциската комисија да отвори и го испита овој случај, повика Томовски.

Претходно денеска Мартин Костовски, сега организациски секретар на СДСМ, на прес-конференција обвини за наводен скандал со тендерот од 3,5 милиони евра во СОЗР поврзан со роднини на директорот Томовски.

За какви луѓе станува збор? Го повикуваме Томовски да излезе пред граѓаните и да одговори. Дали лицето Дарко Гашиќ, негов роднина, кој има регистриано фрима на иста адреса со подружницата на „Праеторион ДООЕЛ“ во Охрид, имал проблеми со законите во соседна Србија? Дали неговиот роднина, Дарко Гашиќ бил упасен во Србија, заедно со уште 9 други лица, осомничени дека извршиле убиство? Дали Гашиќ викан Праки учествувал во крвава пресметка меѓу две криминални банди во Белгард на 10 ноември 2008 година која резултирала со двајца загинати? Дали неговиот роднина Власе Танаскоски, кој ја раководи подружницата на „Праеториан ДООЕЛ“ во Охрид лежел во затвор во Албанија заради трговија со дрога? Дали овие денови во Калишта Танаскоски организирал ручек на којшто присуствувал и министерот Панче Тошковски? И конечно, дали е ова обид за создавање на нова СГС агенција на ДПМНЕ каде ќе со партиски рекетари и бандити ќе се контролираат држаните институции и ќе се перат пари? Исто како во време на режимот. Ова е голем скандал. Прво поради коруптивната мрежа на ДПМНЕ за злоупотребата на власта и испумпување на парите на парите на граѓаните преку тендри вредни милионски суми. Второ поради основаната поврзаност со криминални шеми и криминални ликови кои имале сериозни проблеми со законите во соседни држави. СДСМ бара: Итна истрага од надлежните институции и постапување на Јавното обвинителство и Антикорупциската комисија за овој скандалозен тендер вреден 3,5 милиони евра и Владата да го разреши Томовски од функцијата додека трае истрагата. Ова е уште еден доказ за корупцијата која владее во редовите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе продолжи да се бори за правда, транспарентност и институции кои работат во интерес на граѓаните, рече Костовски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Затекната катастрофална состојба во Академијата на ФФМ: Да не дозволиме лошите услови да ги задушат соништата на младите фудбалери
Следна Статија Исчезна девојка која имала здравствени проблеми

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Груби ги демантираше наводите за неговата поврзаност со палењето на македонско знаме, побара јавно извинување

Поранешниот вицепремиер и функционер на ДУИ, Артан Груби, го осуди палењето на македонското знаме за време на прославата на Денот…

December 1, 2024
BlogМАКЕДОНИЈАПОЛИТИКА

Николоски -Лазар: Брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта

Изградба на брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта, односно поврзување на Македонија преку брза…

September 27, 2024
ПОЛИТИКА

Ахмети тврди дека премиери и академици му нуделе да ја поделат Македонија

По повод 24-годишнина на Охридскиот договор лидерот на ДУИ Али Ахмети се обрати до „сограѓаните Македонци, на македонски јазик“, преку…

August 12, 2025
ПОЛИТИКА

Чулев: Сериозни злоупотреби во безбедносно-разузнавачкиот систем, за време на претходната власт предводена од СДСМ и ДУИ

Сериозни злоупотреби во безбедносно-разузнавачкиот систем, за време на претходната власт предводена од СДСМ и ДУИ, напиша на Фејсбук, Наќе Чулев.…

January 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?