Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски: Барањето за оставка на ДУИ е легитимно, но манипулативно
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Тошковски: Барањето за оставка на ДУИ е легитимно, но манипулативно
ПОЛИТИКА

Тошковски: Барањето за оставка на ДУИ е легитимно, но манипулативно

Објавено November 30, 2024 17:33
Сподели
Сподели

По барањето на ДУИ за итна оставка и интерпелација на министерот за внатрешни работи поради полициската интервенција за време на прославите на Денот на албанското знаме, обвинувајќи го министерството за селективен и пристрасен пристап кон граѓаните, министерот Тошковски изјави дека нивното барање е легитимно, но ги обвини за манипулации и лаги. Премиерот Христијан Мицкоски, пак, го оцени барањето како нелогично и збунувачко.

Одговарајќи на новинарско прашање, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на денешната прес-конференција изјави дека е легитимно Демократската унија за интеграција (ДУИ) да бара оставка од член на владата, но ги обвини за манипулации и лаги.

Добро е да се одговори на јавноста со одговори кои што се вистинити и ќе бидат во насока на реалноста и вистината. Се срамам од тоа што во Македонија имаме опозиција на ниво на сегашното ДУИ и СДСМ. Легитимно е тие да бараат оставка од одреден член на владата, но, срамно е со манипулации и лаги да се обидуваат да свртат вистината, знае народот што се случува, рече Тошковски.

Премиерот Христијан Мицкоски во врска со ова прашање рече дека е работа на опозицијата да поднесува интерпелација, но оти не гледа логика во тоа нивно барање.

Јас апсолутно не гледам логика во тоа нивно барање бидејќи еден дел од опозицијата вели не постапувале, друг дел вика премногу жестоко постапувале. Навистина пораките од коалициската опозиција ДУИ- Левица- СДСМ се малце збунувачки. Понекогаш и се чудам кој ги пишува тие пораки. Да не некој им сместува ваков тип на пораки, рече Мицкоски.

Демократската унија за интеграција (ДУИ) побара итна оставка од Министерот за внатрешни работи поради полициската интервенција за време на прославите на Денот на албанското знаме. Според ДУИ, интервенцијата предизвикала тензии и инциденти кои ја нарушиле меѓуетничката хармонија. Дополнително, ДУИ го обвини Министерството за селективен и пристрасен пристап кон граѓаните, што ја поткопува довербата во институциите и ги продлабочува поделбите во општеството.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николовски: Ги затегнавме чешмите, се оди во Буџетот, рекордна наплата на приходите
Следна Статија Почина проф. д-р Марија Христова, доајен на македонската педијатрија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

СДСМ утре избира претседател, Филипче единствен кандидат

Опозициската СДСМ утре избира нов партиски претседател. Актуелниот лидер на СДСМ, Венко Филипче, е единствен кандидат за претседател на партијата…

March 15, 2025
ПОЛИТИКА

Левица: Тошковски дели тендер од 500.000 евра на фирма која ДПМНЕ ја обвинувало за корупција

На 25 март, министерството на Панче Тошковски склучило скандалозен тендер во вредност од 575.000 евра со компанијата „Дон Холдинг”, фирма…

May 6, 2025
ПОЛИТИКА

Успеа да ги обедини и двете страни: Најпосакуваниот кандидат на СДСМ за градоначалник Ралев го поддржа Орце Ѓорѓиевски

Кандидатот за градоначланик на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски објави дека архитектот и професор Мишко Ралев станува дел од…

August 1, 2025
ПОЛИТИКА

Адеми: Не е точно дека Али Ахмети се повлекува

Дезинформација е дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети ќе се повлече од политичката сцена по локалните избори, вели потпретседателот на…

October 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?