Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски: Имаме информации дека екс градоначалник на ДУИ директно бил вклучен во организирањето на настаните на 28 ноември
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Тошковски: Имаме информации дека екс градоначалник на ДУИ директно бил вклучен во организирањето на настаните на 28 ноември
ХРОНИКА

Тошковски: Имаме информации дека екс градоначалник на ДУИ директно бил вклучен во организирањето на настаните на 28 ноември

Објавено December 7, 2024 11:52
Сподели
Сподели

Во врска со настаните од прославата на 28 ноември, Денот на албанското знаме, случајот е расчистен во насока на тоа дека се фатени конкретните сторители кои го нарушија јавниот ред и мир и сквернавеа државни симболи. Но, во насока на тоа дали во позадина имаме организирана група која што директно ги поттикнала овие дејствувања, случајот се уште не е расчистен, изјави вечерва во Тема на денот на Сител, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Тој откри дека безбедносните служби имале оперативни информации дека зад настаните во Скопје на денот на прославата и во Куманово кога беа запалени автомобили и фотокопирница, стоеле високи структури на ДУИ.

Не би сакал сега да излегувам со информации во јавноста, но факт е да дека има одредени оперативни информации дека поранешен градоначалник на ДУИ директно бил вклучен заедно со друга група во делот на организирање на овие настани, но за разлика од претходно кога имавме политички прогони еден тон, сега МВР постапува по насока на ЈО со факти и докази, не одиме слепо како претходно. Така ќе биде и во овој случај. Доколку обезбедиме докази ќе постапиме, изјави Тошковски.

Тој смета дека МВР постапило професионално и соодветно за време на прославата на албанското знаме во Скопје и дека имало соодветно присуство на полицијата согласно проценките.

Имаше соодветно присуство на полицијата согласно нашите проценки. Замислете ситуација во која полицијата ќе беше во максимална употреба на сите единици, замислете да имаше специјалци и херемелини и да беше употребена сила. Проценка на МВР е како да изреагира да употреби соодветна сила која ќе неутрализира фактичка состојба и нема дополнително да подгрее несакана состојба во Македонија. Немаше физички повреди дента, немаше убиства, немаше кривични дела насочени кон дивеење врз објекти во државна и приватна сопственост, немаше немири во степен кој ќе подразбираше активирање на специјални сили, тоа е факт, посочи министерот за внатрешни работи додавајќи дека полицијата одговорила соодветно и привела 20-тина лица, без оглед на нивната етничка припадност.

Во врска со претстојната седница на Уставниот суд закажана за в среда на која треба да се разгледува уставноста на Законот за употреба на јазиците и најавите од ДУИ дека укинувањето на која било одредба од Законот ќе биде директен удар врз стабилноста и мирот на државата, Тошковски нагласи дека будно ја следат фактичката состојба

Будно ја следиме фактичката состојба како и секогаш МВР ги има потребните капацитети и соодветно ќе одговори на сите предизвици како и сите овие претходни месеци. Сметаме дека безбедносната ситуација не е нарушена. Да, факт е и во минатото говоревме дека постојат обиди за детсабилизација, да, факт е дека на одредени недобронамерници не им одговара да имаме една демократкса земја во која ќе владее законот и правото и тоа токму се гледа преку нивните дејствија. Со нивното барање директно се мешаат во работата и надлежноста на Уставниот суд, но сметам дека Уставниот суд треба да си донесе одлука согласно Устав и закон тоа е негова работа. Сметам и дека сите политички субјекти и сите останати фактори во општеството ќе треба да ја почитуваат одлуката на уставниот суд без оглед во која насока ќе биде таа, потенцираше првиот човек на МВР.

На прашањето дали има потреба од обезбедување на зградата на Уставниот суд и на самите уставни судии, министерот рече дека еден судија се наоѓа под посебен надзор од страна на МВР.

Еден уставен судија се наоѓа под посебен надзор од страна на МВР заради донесена проценка од страна на АНБ. Претседателот на судот нема посебно обезбедување затоа што не побарал ниту е утврдена потреба да има посебно обезбедување. Во секој случај ќе ја следиме состојбата и ќе изреагираме соодветно на ризикот кој што го има во конкретниот момент, изјави Тошковски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Притворен маж кој ја давел и со боксови ја удирал поранешната сопруга
Следна Статија Возач загина во тешка несреќа во Скопско

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Малолетник на „Партизанска“ со нож избоде 17-годишно момче по расправија

16-годишен малолетник заработи кривична пријава откако на булеварот Партизански одреди во Скопје со нож прободел 17-годишно момче. Инцидентот се случил…

June 27, 2025
ХРОНИКА

Видевски не се сеќава кај го сокрил пиштолот

Обвинетиот за убиствата на Вања и Панче, Боре Видевски не знае каде го ставил пиштолот кој го поседувал околу 30…

March 26, 2025
ХРОНИКА

Битолската болница се оградува од докторот што е осомничен за примање поткуп, суспендиран е додека трае истрагата

Јавната здравствена установа Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ се оградува од постапката на докторот кој е притворен заради примање на…

January 29, 2025
ХРОНИКА

Цитроенот на Панче бил стар и со голем гепек

Во Основен кривичен суд Скопје во врска со убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски денеска сведочеа и…

October 14, 2024
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?