Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски: Ќе има интересни случаи за јавноста поврзани со организиран криминал и висока корупција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тошковски: Ќе има интересни случаи за јавноста поврзани со организиран криминал и висока корупција
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Ќе има интересни случаи за јавноста поврзани со организиран криминал и висока корупција

Објавено November 5, 2024 13:10
Сподели
Сподели

Во иднина ќе има доста интересни случаи за јавноста поврзани со организиран криминал и висока корупција. Претпоставувам дека ќе следат поголем број на случаи кои се поврзани со доказниот материјал обезбеден од страна на Скај апликацијата која ни е дадена од нашите меѓународни партнери, порача денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Нагласи дека постојат огромен број на докази во рамки на доказниот материјал прибавен преку оваа апликација којшто се анализира од страна на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција.

Станува збор за огромен број на докази поврзани со конкретни кривични дела. Овој конкретен случај е поврзан со двајца полициски службеници во периодот кога ги сториле кривичните дела за кои се товарат. Тие денеска не се повеќе полициски службеници, изјави Тошковски во одговор на новинарско прашање дали и на други вработени ќе се прошири истрагата за протекување на информации од МВР кон кланот Грчец.

Посочи дека на вчерашната седница на Советот за безбедност не беше дискутирано за 500-те сертификати што ги приложиле сегашни и поранешни министри за кои вчера кажа дека ќе се проверуваат. Не сакаше да прецизира за каков вид на проверки станува збор.

Сега за сега мислам дека е доволно тоа што го кажав вчера, рече Тошковски и додаде дека ќе се проверуваат сертификатите за сите актуелни и поранешни функционери за кои има информација дека дале погрешни податоци.

Прашан дали сертификатите се поврзани со безбедноста на државата, рече дека за тоа не станало збор на седницата на Советот за безбедност како тема која е поврзано со надлежноста на Советот.

Дискутиравме за оние прашања кои се од надлежност на Советот за безбедност, изјави Тошковски и посочи дека нема ништо да додаде на соопштението што беше испратено до медиумите по вчерашната седница.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонија подготвува нов пакет помош за Украина
Следна Статија ВМРО-ДПМНЕ: Законското решение на СДСМ е напишано брзоплето

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Расправата за концепцијата за гимназиско образование ќе продолжи, предлозите се генерално за зголемен број часови

За предлозите и барањата што стигнуваат во врска со концепцијата за реформи во гимназиското образование се дискутира. Јавната расправа сè…

February 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Нова скандалозна одлука на Судскиот Совет: Пајазити казнет само со 30% од плата за случајот со Рамадани

Наместо разрешување или оддалечување од судската функција, само казна од 30 проценти од платата шест месеци. Контроверзна одлука на Судскиот…

April 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Филков: Ова не е само трагедија – ова е аларм што бара одговорност

Министерот за правда Игор Филков изрази сочувство за десетиците млади животи кои загинаа во пожар во дискотека во Кочани и…

March 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Криминалец се прикривал со униформа, вели Тошковски за апсењето на Сарамаков

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска пред медиумите одби да споделува детали од истрагата за осомничениот Ангел Сарамаков, самостоен…

April 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?