Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски: Се собираат дополнителни докази за бегството на Артан Груби
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тошковски: Се собираат дополнителни докази за бегството на Артан Груби
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Се собираат дополнителни докази за бегството на Артан Груби

Објавено January 22, 2025 12:32
Сподели
Сподели

Во моментов се собираат повеќе докази за тоа дали полицискиот службеник кој бил на смена кога Артан Груби ја напуштил државата направил грешка од невнимание или пак тоа било организирано во рамки на одредена група која го организирала бегството, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој гостуваше во „Отворено“ на ТВ 24.

-За ова е отворена истрага и постапува Основното јавно обвинителство и во рамки на она кое ние го имаме како неспорен доказ имаме поднесено кривична пријава за лицето и истото е суспендирано од работа. Во моментов се води и истрага за тоа дали имало некаква комуникација и за каква комуникација станува збор, рече Тошковски.

Тој потенцираше и дека со цел да се спречи токму вакво сценарио биле направени посериозни подготовки и биле ангажирани сите ресурси. Според него на границата имало и други дополнителни служби кои требало да реагираат доколку постои бегство но истите не реагирале бидејќи станувало збор за тајна операција.

„Факт е дека на границата имаше други дополнително пратени служби да регаираат во рамки на евентуалното бегство на предметното лице но исто така факт е дека не знаеја кого треба да стопираат затоа што тоа е дел од полициската оперативна работа. Никој не можел да претпостави дека еден полициски службеник кој што е на позиција, значи да го земе пасошот од одредено лице да го стави на скенер и откако ќе го скенира се појавува на компјутерот пред него дека одреденото лице е на стоп листа, дека наместо да гледа во компјутерот кој што му е основна работа, зошто е инаку на граница, за да продава цвеќиња или да провери дали лицето исполнува услови да ја напушти или да не ја напушти државата, тука тоа никој не можел да го претпостави“, изјави Тошковски во „Отворено“ на ТВ 24.

Тој додаде и дека поради тоа што Артан Груби не изразува иницијатива да се врати во државата е доволен показател за тоа дали е виновен или не.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дали се затвора кругот околу мрежата на Додик: Покрај семејството го стави на црна листа и целото раководство на РС
Следна Статија Инсталиран е новиот систем за компримиран воздух на комплексот клиники

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Матарела на средбата со Сиљановска-Давкова: ЕУ не смее да дозволи да бидеме жртва на идентитетски прашања или нивна билатерализација

Европската Унија не смее да дозволи да бидеме жртва на идентитетски прашања или нивна билатерализација врзана за идентитетски прашања, истакнал…

May 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Конститутивна седница на Советот за безбедност: Состојбата во земјата е стабилна

Денес во Кабинетот на Претседателката се одржа конститутивната седница на Советот за безбедност. На седницата со која претседаваше претседателката Гордана…

November 4, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски ќе биде говорник на Конференцијата на конзервативната политичка акција во Вашингтон

Премиерот Христијан Мицкоски кој е во САД на својот Фејсбук профил најави дека ќе биде говорник на Конференцијата на конзервативната…

February 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

По изгласаната недоверба: Се бараат оставки од Дамева, Црвенковска, Мустафа, Чачарова – Илиевска и Адеми

Морална одговорност и напуштање на позициите очекува премиерот Христијан Мицкоски од петмината членови на Судскиот Совет, на кои им беше…

March 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?