Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски: Уапсени 17 лица поврзани со сквернавење на национални симболи, апелирам да го почитуваме законот и едни со други
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Тошковски: Уапсени 17 лица поврзани со сквернавење на национални симболи, апелирам да го почитуваме законот и едни со други
ХРОНИКА

Тошковски: Уапсени 17 лица поврзани со сквернавење на национални симболи, апелирам да го почитуваме законот и едни со други

Објавено November 30, 2024 17:05
Сподели
Сподели

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на денешната прес-конференција информираше за серија инциденти поврзани со сквернавење на национални симболи во кои вкупно 17 лица, меѓу кои и малолетници, се лишени од слобода во различни градови низ Македонија. Тој истакна дека според информациите од безбедносните служби, немало индиции за можни инциденти, а во однос на барањето за оставка и интерпелација од ДУИ, Тошковски одговори дека е легитимно тие да бараат оставка од одреден член на владата.

Според информациите што ги сподели на денешната прес-конференција по посетата на Единицата за интерветна полиција, заклучно со денеска, вкупно лишени од слобода во врска со кривично-правните настани со сквернавење на нзационални симболи се 17 луѓе, дел од нив малолетници.

  • Четворица малолетници во Скопје се лишени од слобода вчера. Двајца поврзани со кривично правен настан каде што се кине македонско знаме, истите помагаат на сторителот. За нив ќе следува соодветна постапка. И двајца малолетни лица, поврзани со настан во кој што се симнува знамето од јарбол и се пали, рече министерот.

Дополни дека три лица во текот на вчерашниот ден се лишени од слобода во Прилеп, кои што го сквернават албанското национално знаме. Еден од нив, како што посочи министерот, е малолетник, двајца се полнолетни лица. Според информациите што ги сподели министерот, уапсено е и лице во Куманово кое корнело национален симбол на Република Србија од почесниот конзулат на Србија. Станува збор за малолетник против кого, исто така, ќе бидат преземени дејствија. Во текот на вчерашниот ден, како што дополни, е затворен еден настан во рамки на СВР Охрид, односно ОВР Кичево, каде што едно лице симнува и македонско и албанско знаме од јарбол.

Министерот упати апел дека да не се дозволи понатаму да се случуваат вакви работи.

Сакам да испратам порака и апел до сите. Ние живееме во оваа наша заедничка татковина долги години, убаво, со почит едни кон други. Не смееме да дозволиме вакви немили инциденти и настани да не однесат во погрешна насока. Упатувам апел до сите општествени чинители и релевантни фактори во државата да го почитуваме законот, Уставот, едни со други, рече министерот, дополнувајќи дека МВР одлучно и жестоко ќе одговори.

Во врска со прашањето дали полицаец во текот на случувањата е забележан како фрла знаме, тој одговори дека МВР ќе ги преземе сите потребни дејствија во рамки на своите надлежности и во врска со предметното лице затоа што е полициски службеник.

Прашан дали од безбедносните служби добил информации за можни инциденти во врска со претстојните прослави на Деновите на Албанската азбука и знаме, одговори дека немало индиции.

Информациите што ги имам се дека од страна на Агенцијата за национална безбедност, по поднесено барање од страна на МВР, е добиен одговор дека нема индиции за немили настани при вчерашниот ден и прославата што се однесуваше на Денот на албанското знаме и Денот на албанската азбука. Полицијата многу добро изреагира, разумно и одлучно, посочи Тошковски.

Во однос на прашањето како ја оценува моменталната безбедносна состојба имајќи ги предвид последните случувања, министерот одговори дека сме, како што рече, „апсолутно безбедни“.

Факт е дека МВР ги има сите потребни капацитети да одговори, тоа го покажавме и завчера, во Скопје, Куманово, Кичево, Охрид, вчера повторно во Скопје, Прилеп. Имаме институционални капацитети. Генералната оценка е дека сме безбедни, апсолутно да, рече министерот.

Во однос на барањето на оставка и интерпелација од ДУИ, министерот рече дека е легитимно тие да бараат оставка од одреден член на владата.

Добро е да се одговори на јавноста со одговори кои што се вистинити и ќе бидат во насока на реалноста и вистината. Се срамам од тоа што во Македонија имаме опозиција на ниво на сегашното ДУИ и СДСМ. Легитимно е тие да бараат оставка од одреден член на владата, но, срамно е со манипулации и лаги да се обидуваат да ја свртат вистината, знае народот што се случува, рече Тошковски.

Министерот денеска информираше и за вчерашното разбојништво што се случи во деловен простор во центарот на Скопје, при што посочи дека случајот е расчистен.

„Ин флагранти“ случај каде што на лице место се лишени од слобода лица кои во текот на вчерашниот ден со огнено оружје и фиктивна бомба сториле кривично разбојништво во објект во центарот на градот при што одзеле 10 илјади евра парична сума и се обиделе да ја изнесат од деловниот објект. Веднаш е интервенирано од страна на Единицата за интервентна полиција, лицата се лишени од слобода, случајот е расветлен и расчистен, ќе следуваат кривични пријави, рече министерот.

Тој посочи дека отстрелите што се слушнале при настанот биле од страна на полицијата, предупредувачки во воздух. А во однос на идентитетот на двајцата сторители, посочи дека претпоставките се дека станува збор за лица сторители и на други кривични дела.

Во врска со приведени во случајот со пронајдена дрога во Велес, односно дали тие се поврзани со меѓународна група, министерот одговори дека постојат одредени индиции, но, како што рече „во овој момент најдобро е да оставам на овие информации што се изнесени во јавноста“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија 33-годишен хрватски фудбалер загина во тешка сообраќајна несреќа
Следна Статија Мицкоски: Ќе се бориме да има правда во судскиот систем

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Две жени намамиле маж во мотел во Скопје, па го нападнале и ограбиле со уште двајца мажи

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поведе истрага за две жени и двајца мажи, кои, дејствувајќи во група и со употреба…

November 5, 2025
ХРОНИКА

Палевски инсинуира алиби со уплатници од банка

Со прикажување уплатница од една банка во Скопје, адвокатите на првообвинетиот Љупчо Палевски, на денешното рочиште за убиствата на Вања…

March 5, 2025
ХРОНИКА

Под истрага 18 членови на „Беланоца – Барон“ – плаќале и до 250.000 евра за убиство

Неколкумесечната предистражна постапка што ја спроведуваше јавен обвинител со Истражниот центар од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал…

December 16, 2024
ХРОНИКА

Изгоре дуќан и оштети стан во зграда во Карпош 4

Страшен пожар ги разбуди ноќеска жителите на Карпош 4. На првиот кат во една од зградите изгоре стан во три…

January 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?