Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Традиционална средба на скопјани со кумот и здравичарот на Бадник на Водно
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Традиционална средба на скопјани со кумот и здравичарот на Бадник на Водно
МАКЕДОНИЈА

Традиционална средба на скопјани со кумот и здравичарот на Бадник на Водно

Објавено December 22, 2024 21:20
Сподели
Сподели

Во рамки на годинешната прослава на Бадник, во месноста Говрлевска Краста, на јужните падини на Водно денеска напладне ќе биде организирана традиционалната средба на скопјани со кумот и здравичарот на Бадник 2025 година, со симболично сечење на бадникови гранчиња.

Одборот за прослава на Бадник во Скопје на своите сограѓани ќе им ги претстави новиот кум Раде Макеларски и здравичарот Атанас Петров за Бадник 2025, соопштувајќи на тој начин, како што најавуваат, дека се е подготвено за централната прослава на 6-ти јануари на платото пред Соборниот Храм.

На настанот, како што е најавено, ќе присуствуваат и актуелните кум Божидар Јанковски Бобо и здравичарот Анастас Тановски Таше, како и градоначалниците на Општина Центар и Град Скопје, но и повеќе кумови и здравичари од изминатите години.

Месноста Краста се наоѓа на јужните падини на Водно на патот кон хидрцентралата „Козјак“. Тука скопските бадникари ги собираат бадниковите гранчиња што на 6 Јануари со години им ги делат на скопјани, на свеченоста на платото пред Соборниот Храм Свети Климент Охридски во пресрет на Божик-најсветлиот христијански празник.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Борнмут го декласира Манчестер јунајтед среде „Олд Трафорд“
Следна Статија Ќе се произведува првoто вселенско јапонско саке, а ќе чини 100 милиони јени

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Американски УСАИД истражители пристигнаа на Балканот – дали Македонија е следна?

По објавата дека американскиот истражител Мартин Де Лука, поранешен федерален обвинител на САД и член на тимот на претседателот Доналд…

February 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Судијата Енвер Беџети кој е на американската црна листа, сѐ уште суди

Апелациониот судија Енвер Беџети кој пред повеќе од еден месец се најде на американската „црна листа“ поради вмешаност во значителна…

January 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова на погребот на папата Франциск, се ракуваше со Трамп и првата дама на САД

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, објави фотографии како се поздравува со американскиот претседател Доналд Трамп и со првата дама на САД,…

April 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Казна од 100 евра: од денеска возачки дозволи со новото уставно име, регистарските таблички со ознаката НМК

Од денеска престануваат да важат возачките дозволи со старото име на државата. Парична казна од 100 евра за лицата кои…

January 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?