Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Традиционално дефиле под маски на Вевчанскиот карневал
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Традиционално дефиле под маски на Вевчанскиот карневал
МАКЕДОНИЈА

Традиционално дефиле под маски на Вевчанскиот карневал

Објавено January 13, 2025 10:00
Сподели
Сподели

Со традиционалното дефиле под маски денеска напладне почнува официјалниот дел од Вевчанскиот карневал.

Маскирани, вевчанци на сатиричен начин, зачувувајќи ја речиси 15-вековната традиција ќе ги прикажaт случувањата од изминатата година во јавниот и политичкиот живот, како во земјава, така и во странство. Се верува дека преку маските Василичарите го бркаат злото и прочистени ќе ја дочекаат Новата година, според Јулијанскиот календар, испраќајќи порака за промена на негативните случувања во општеството И како што е добро познато, вевчанци, кои важат за љубезен и гостопримилв народ, верни на традицијата, до дефилето не откриваат во што ќе се маскираат.

Вевчани денеска и утре ќе наликува на театар на отворено, без сценарио и режија организиран од двете василичарски друштва Горна и Долна маала на чело со зетот, невестата, двата ѓаволи и глупавите Августи. Веднаш по нив следуваат останатите маски, секоја со своја приказна, ќе го привлече вниманието на присутните.

Дефилето почнува околу пладне, од почетокот на селото, движејќи се низ главната улица до центарот, каде маскираните го вртат Василичарското оро. Потоа ги посетуваат домовите на вевчанци со благослов за здравје и бериќет во Новата година, а од домаќините се дарувани со луканци, леб, пари и други дарови. Ноќта пак, придружувани од останатите соселани, одат на Вевчанските извори од каде полнат вода со која прават кашаник (зелник) во кој се става паричка. Кај тој што ќе се падне паричката се верува дека ќе биде среќен и бериќетен во текот на целата година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На Попова Шапка 64 сантиметри снег, во Маврово 57, а во Крушево 36
Следна Статија Филков: Итно ќе се менува контроверзниот Кривичен законик, Груби сам да се врати дома

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

До утре ќе се знаат новите министри од Вреди

До утре треба да бидат познати имињата на новите министри од редовите на Вреди откако на локалните избори првиот вицепремиер…

November 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Росоклија тврди дека имал согласност од родителите за трансфер на мозоците

Професорот Горазд Росоклија, преку писмена изјава за ТВ Телма тврди дека извозот на мозоци од Македонија на Универзитетот во Колумбија…

February 3, 2026
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Четири столбови за реформа и креирање на системски решенија во МВР

Министерот Панче Тошковски денеска присуствуваше на тркалезна маса „Реформи на безбедносниот систем на Република Македонија“ во организација на Факултетот за…

December 11, 2024
МАКЕДОНИЈА

Дефектот е отстранет: Бројот 192 повторно е во функција

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека дефектот на линијата 192 е отстранет и истата функционира нормално. Имено, бројот…

June 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?