Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Tрамп најави дека ќе прогласи вонредна состојба штом стане претседател
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Tрамп најави дека ќе прогласи вонредна состојба штом стане претседател
СВЕТ

Tрамп најави дека ќе прогласи вонредна состојба штом стане претседател

Објавено November 18, 2024 22:00
Сподели
Сподели

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп денеска најави дека ќе прогласи општа вонредна состојба во САД со цел да ги искористи вооружените сили за спроведување на неговата програма за масовно протерување мигранти.

„Добра вест: според некои информации, администрацијата на Доналд Трамп е подготвена да прогласи национална вонредна состојба како дел од програмата за масовно депортирање и да користи воени ресурси против масовната инвазија на Бајден“ на имигрантите што наводно ги дозволил претседателот во заминување, напиша на платформата на Трамп „Trut Social“, Том Фитон, директор на конзервативната организација Judicial Watch.

Трамп на таа објава на истата мрежа одговори: „Тоа е вистина“.

Во САД има околу 11 милиони илегални имигранти, а групите за човекови права се загрижени поради републиканскиот проект кон нив и почитувањето на владеењето на правото воопшто.

Доналд Трамп во април изјави дека Националната гарда – низа воени тела на секоја од американските држави поединечно – треба да може да ги протера.

„Ако тоа не се случи, ќе ја користам војската“, односно федералните трупи, изјави Трамп за магазинот „Тајм“.

Уставот му дозволува на претседателот да прогласи „општа вонредна состојба“ во вонредни ситуации.

За време на неговиот прв мандат, Трамп ја искористи таа одредба во однос на јужната граница на САД за да добие осум милијарди долари од буџетот за изградба на ѕид на границата со Мексико

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Москва го предупреди НАТО: Ако Киев ги користи вашите ракети со долг дострел – одговорот на Русија ќе биде адекватен и разумен
Следна Статија В четврток е голем и тежок празник: Светецот ќе ве награди ако го направите ова

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Крис Павловски поканет да ја отвори прес-конференцијата на Белата куќа, од каде му се заблагодарија што се спротиставил на цензурата против Трамп

Бизнисменот со македонско потекло и сопственик на медиумската компанија Рамбл, Крис Павловски беше поканет да ја отвори прес-конференцијата на Белата…

February 13, 2025
СВЕТ

И Германија се „побалканчи“: Пет години не одел на работа, а земал плата и заработил 600.000 евра

Здружението на даночни обврзници секоја година открива случаи на фрлање државни пари. Овој пат беше даден пример на државен службеник…

October 10, 2024
СВЕТ

На 79 години почина познатиот режисер Дејвид Линч

Дејвид Линч, американски режисер, писател и уметник кој освои номинации за Оскар за најдобар режисер за филмовите „Син сомот“, „Човекот…

January 16, 2025
СВЕТ

Експлозија во Москва – тројца загинати

Експлозија ја потресе улицата Елетскаја во јужна Москва во вторник вечерта, при што загинаа три лица, вклучувајќи двајца припадници на…

December 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?