Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп за пожарите го обвини гувернерот на Калифорнија и го повика да поднесе оставка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп за пожарите го обвини гувернерот на Калифорнија и го повика да поднесе оставка
СВЕТ

Трамп за пожарите го обвини гувернерот на Калифорнија и го повика да поднесе оставка

Објавено January 9, 2025 17:30
Сподели
Сподели

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп денеска повторно го обвини гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом за ширење на шумските пожари и го повика да поднесе оставка.

– Еден од најдобрите и најубавите делови на САД гори до темел. (Јужна Калифорнија) се претвора во пепел, а Гевин Њусом треба да поднесе оставка, напиша Трамп на својата платформа „Трут сошал“ (Truth Social).

Тој додаде дека „за се е виновен“ гувернерот на Калифорнија.

Трамп вчера го обвини Њусом поради што не потпишал налог за полнење на резервоарите со вода, што би помогнало во гаснење на пожарот што го зафати Лос Анџелес.

Најмалку пет лица загинаа во пожарите што зафатија делови од Лос Анџелес и соседниот округ Вентура, поради што беа евакуирани повеќе од 130.000 луѓе. Според Одделот за шумарство и заштита од пожари во Калифорнија, пожарот во предградието на Лос Анџелес, Пацифик палисадес во истоимената област изгореле најмалку 15.832 хектари и сè уште не е ставен под контрола. Училишниот одбор на Лос Анџелес објави дека училиштата ќе останат затворени, а на Калифорнискиот универзитет во Лос Анџелес (УКЛА) од вчера наставата се одвива преку интернет.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски- Памер: Нови авиолинии и зголемување на економската соработка
Следна Статија И со новиот закон, бесплатни учебници на пет јазици

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(ФОТО) Објавени нови фотографии со Епштајн со Трамп, Клинтон и Гејтс

Демократите во петокот во Претставничкиот дом на САД објавија серија фотографии на кои се гледа дискредитираниот финансиер и осуден сексуален…

December 13, 2025
СВЕТ

Нетанјаху повика на промена на режимот во Иран

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху повика на промена на режимот во Техеран. Во својата прва видео изјава за нападите на САД…

February 28, 2026
СВЕТ

ШЕСТ МЕСЕЦИ ТРАМП: Што светот доби, а што изгуби?

Претседателот на САД, Доналд Трамп одбележа шест месеци од преземањето на функцијата, пренесуваат американските медиуми. Тој ги сумираше своите достигнувања…

July 21, 2025
СВЕТ

ЕУ го одложи фотографирањето и земањето отпечатоци на граница поради големите гужви

Целосната имплементација на системот за влез/излез (EES) на Европската унија е одложена од април за септември 2026 година поради страв…

February 3, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?