Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Рекорд: Кори Букер оддржа 25-часовен говор во Сенатот против Трамп
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Рекорд: Кори Букер оддржа 25-часовен говор во Сенатот против Трамп
СВЕТ

Рекорд: Кори Букер оддржа 25-часовен говор во Сенатот против Трамп

Објавено April 2, 2025 10:38
Сподели
Сподели

Американскиот сенатор Кори Букер го собори рекордот за најдолг говор одржан во Сенатот, објавија медиуми.

Маратонското обраќање на демократот од Њу Џерси, беше имболичен протест против претседателот Доналд Трамп, во кој тој предупреди на „тежок и итен“ момент во американската историја, заврши по 25 часа и четири минути.

Говорот започна во понеделникот во 19 часот по локално време, со цел, како што рече, „да предупреди на длабока политичка и социјална криза со нарушување на нормалната работа на Сенатот“.

„За само 71 ден, претседателот на Соединетите Држави направи толку голема штета на безбедноста на Американците: на финансиската стабилност; на основните темели на нашата демократија“, рече Букер. „Ова не се нормални времиња во Америка. И не треба така да се третираат во Сенатот на САД“, рече Букер.

Во својот говор, тој ги осуди плановите за можни намалувања на предлозите за Medicaid, имиграцијата, социјалното осигурување и владините реформи кои произлегуваат од соработката меѓу администрацијата на Трамп и Илон Маск.

За време на говорот, Букер не смееше да седне, да се одмори или да оди во тоалет – во спротивно би го изгубил правото да зборува.

Единствен одмор даваат неговите колеги од Демократската партија кои му поставуваат прашања, со што технички ја продолжува расправата.

Иако тоа не беше филибастер – говор дизајниран да попречи усвојување на нацрт-закон – тој успеа да ја „блокира“ работата на Сенатот контролиран од републиканците.

Претходниот рекорд го држеше републиканскиот сенатор Стром Турмонд, кој зборуваше 24 часа и 18 минути против Законот за граѓански права во 1957 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Од денеска на европските граѓани им треба еден документ за влез во Британија, позната цената на пропусницата
Следна Статија Советот на јавни обвинители даде негативно мислење по предлогот за разрешување на Љупчо Коцевски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Во Шпанија спасена жена која три дена била заглавена во автомобил однесен од поплавите

Спасена е жена која три дни седела заглавена во автомобил со мртвото тело на свој роднина откако ги погодила смртоносната…

November 3, 2024
СВЕТ

Тројца карабинери загинаа, а десет војници се повредени во експлозија во Верона

Тројца карабинери и најмалку десет војници и полицајци се повредени во експлозија што се случи за време на вчерашната полициска…

October 14, 2025
СВЕТ

Трамп: НАТО падна на тестот, бев во право, кукавици

мериканскиот претседател Доналд Трамп оцени дека актуелниот конфликт со Иран претставувал „голем тест“ за НАТО, тврдејќи дека на овој начин…

March 20, 2026
СВЕТ

Швајцарија ги замрзнува средствата поврзани со Мадуро

Швајцарија ги замрзна сите средства што ги поседуваат Николас Мадуро и неговите соработници во земјата, објави денеска Федералниот совет, по…

January 5, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?