Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Три пожари се делумно изгаснати, уште три неконтролирано беснеат во Лос Анџелес
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Три пожари се делумно изгаснати, уште три неконтролирано беснеат во Лос Анџелес
СВЕТ

Три пожари се делумно изгаснати, уште три неконтролирано беснеат во Лос Анџелес

Објавено January 11, 2025 17:00
Сподели
Сподели

Од шесте пожари што ја зафатија областа на Лос Анџелес, три се ставени под контрола, а 50 отсто или повеќе од областа под оган е изгасната, додека најголемиот пожар во Пацифик Палисајдс се уште е не е под контрола, како ниту пожарите во Итон и Арчер, јавија денеска американските медиуми.

Пожарот во богатото предградие на Лос Анџелес, Пацифик Палисајдс, во текот на ноќта се прошири понатаму на исток, а противпожарните екипи и авионите се фокусираа на дополнителните напори во областа на кањонот Мандевил, јави Си-Ен-Ен.

Според најновите податоци на пожарникарите, пожарот во Пацифик Палисајдс, во кој досега изгореа 21.596 хектари, е локализиран само осум отсто.

Пожарот во Итон, што зафати 14.117 хектари, досега е локализиран само на три отсто од огнената површина, а пожарот во Арчер, кој зафати 19 хектари, е целосно надвор од контрола.

Најголем успех досега пожарникарите имаа во гаснењето на пожарот во Лидија, што зафати површина од 395 хектари земја, а досега е изгаснат на 98 отсто и во гаснењето на пожарот во Херст, што зафати 771 хектар, досега е изгаснат на 70 отсто од површината, додека пожарот Кенет, во кој пожарот зафати 1.052 хектари, досега е изгаснат на половина од зафатената територија.

Поради смртоносните пожари во Лос Анџелес, за околу 100.000 жители се уште важи наредбата за евакуација.

Противпожарната служба на Калифорнија проценува дека повеќе од 10.000 објекти најверојатно се оштетени или уништени само во пожарите во Итон и Палисајдс.

Областа на Лос Анџелес и понатаму е под предупредување за црвен аларм, иако пожарникарите се надеваат дека ветровите може да стивнат во текот на ноќта, што ќе им овозможи да се справат со некои од најголемите пожари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Еве каде во моментот во Македонија провејува снег
Следна Статија Епл се брани: Сири не испраќа кориснички податоци до огласувачите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(Видео) Авион се урна во фабрика во Калифорнија и експлодираше, загинаа две лица

Две лица загинаа, а осумнаесет се повредени откако мал авион денеска се урна во фабрика за мебел во Калифорнија, јавува Скај…

January 3, 2025
СВЕТ

Макрон: Царините што ги објави Трамп се брутални и шокантни

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека царините што синоќа ги објави американскиот претседател Доналд Трамп се „брутални и неосновани“…

April 3, 2025
СВЕТ

Бајден му честиташе на Трамп за победата на изборите и го покани во Белата куќа

Американскиот претседател Џо Бајден телефонски разговарал со Доналд Трамп, кој победи на претседателските избори во САД, јавија американските медиуми. Бајден…

November 6, 2024
СВЕТ

Маск алармира за падот на наталитетот: Или Европа ќе почне да има големи семејства или ќе продолжи да умира

Милјардерот Илон Маск повторно ја разгоре дискусијата за демографскиот пад во Европа со остро предупредување, истакнувајќи дека континентот „или ќе…

July 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?