Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тројцата повредени во Нови Сад се уште се во тешка состојба
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Тројцата повредени во Нови Сад се уште се во тешка состојба
БАЛКАН

Тројцата повредени во Нови Сад се уште се во тешка состојба

Објавено November 5, 2024 11:42
Сподели
Сподели

Состојбата на тројцата повредени по падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад се уште е сериозна. Поради трагедијата со загинувањето на 14 лица во Нови Сад велерва е најавен масовен протест, јави дописникот на МИА од Белград.

Директорот на Клиничкиот центар Војводина, Весна Туркулов изјави дека лекарите се уште се борат за животот на повредените.

Се уште се живи, што е охрабрувачка вест и тоа е добро, но состојбата се уште не е стабилизирана. Се прави дополнителна дијагностика, можни се некои дополнителни интервенции, но борбата за нивниот живот се уште трае, изјави д-р Туркулов.

Таа додаде дека тим од психолози и психијатри е вклучен и работи со семејствата за да им помогне во најтешките моменти.

Како што е најавено, опозицијата во 18 часот организира протест во близина на железничката станица.

Претставниците на активистичката група СвиЌе најавија дека за денешниот протест се планирани симболични активности и додадоа дека ќе одат „во се порадикални акции“.

Во понеделникот вечерта, активисти на Движењето на слободни граѓани (ПСГ) закачија транспарент на Градското собрание на големо бело платно на кое со црвена боја беше испишано „Крвави ви се рацете“.

Во понеделникот непознати сторители искршија излози во просториите на два месни комитети на Српската напредна странка во Нови Сад, и офарабаа неколку простории со црвена боја со зборовите „Убијци“.

Министерот за градежништво Горан Весиќ вчера поднесе оставка, иако порача дека „не е виновен“.

Опозицијата бара оставка и од премиерот на Србија, Милош Вучевиќ и од градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Српскиот премиер ќе ја прифати оставката на министерот за градежништво Горан Весиќ
Следна Статија Вреди: Ахмети повеќе од 20 години го користеше Куманово како полигон за своите експерименти

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Ратко Младиќ е во животна опасност

Здравствената состојба на Ратко Младиќ е сериозно нарушена, а според последните информации, неговата состојба е оценета како многу сериозна. Како…

April 21, 2026
БАЛКАН

Земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтер е регистриран во близина на Крит

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала синоќа бил регистрирана близу грчкиот остров Крит, соопшти Геодинамичкиот институт на…

May 14, 2025
БАЛКАН

За само еден ден 11 земјотреси го погодија Врање

Од вчера  до денес  Врање го погодиле дури 11 земјотреси, од кои најсилниот бил со јачина од 3,7 степени според…

October 14, 2024
БАЛКАН

Депортираните од авионот во Тиват планирале „спонтани собири“ во поддршка на Вучиќ во Црна Гора

Според Nova.rs, група српски граѓани на кои им беше забранет влез во Црна Гора планирале да организираат неколку собири во…

June 4, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?