Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трудо: САД ги одложуваат новите царини за Канада за најмалку 30 дена
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трудо: САД ги одложуваат новите царини за Канада за најмалку 30 дена
СВЕТ

Трудо: САД ги одложуваат новите царини за Канада за најмалку 30 дена

Објавено February 4, 2025 08:24
Сподели
Сподели

САД ќе ја одложат примената на новите царини за канадските производи најмалку 30 дена, соопшти денеска канадскиот премиер Џастин Трудо по телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп.

– Имплементацијата на предложените царини ќе биде одложена најмалку еден месец додека работиме заедно на ситуацијата, изјави Трудо.

Канада прифаќа нови обврски, вклучително назначување службеник одговорен за проблемот со фентанил, додавање на мексиканските картели на списокот на терористички организации и создавање заедничка работна група со САД за борба против организираниот криминал, трговијата со фентанил и перењето пари, посочи Трудо во изјава на социјалната мрежа Икс.

Тој додаде дека во разговорот со Трамп ветил дополнителна соработка во областа на граничната безбедност. Одлуката доаѓа откако вчера беше објавено слично одложување за Мексико.

Од своја страна, Трамп изјави дека разговорот со Трудо поминал „многу добро“, пренесе Си-Ен-Ен.

По одложувањето на царините за Мексико и Канада, остануваат само новововедените тарифи за кинески стоки од 10 проценти.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Почувствуван земјотрес во Македонија
Следна Статија Роналдо: Јас сум најдобриот во историјата и точка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Научниците со алармантно откритие под мразот на Антарктикот: „Катастрофални последици за градовите ширум светот“

Топењето на мразот на Антарктикот ја поттикнува можноста за вулкански ерупции во разорна повратна врска. Ова може да го забрза…

January 15, 2025
СВЕТ

YouTube воведува автоматски ограничувања за малолетни корисници почнувајќи од 13 август

YouTube ќе користи вештачка интелигенција за автоматска проценка на возраста на корисниците во САД и примена на ограничувања за лицата…

July 30, 2025
СВЕТ

Пекинг им возврати на САД со увозни царини од 34%

Кинеското Министерство за финансии објави дека од 10 април ќе воведе дополнителни царини од 34 отсто за американските стоки. Во…

April 4, 2025
СВЕТ

Шолц контра Трамп за Гренланд, Канада и Панама

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека експанзионистичката реторика на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, која е насочена против Гренланд, Канада…

January 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?