Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Царинската управа запленила 36 килограми марихуана и голема количина лекови
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Царинската управа запленила 36 килограми марихуана и голема количина лекови
МАКЕДОНИЈА

Царинската управа запленила 36 килограми марихуана и голема количина лекови

Објавено October 5, 2024 20:30
Сподели
Сподели

Директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, на денешниот настан за реконструкција на граничниот премин Деве Баир, објави дека пред два дена Царинската управа запленила 36.4 килограми опојна дрога марихуана на граничниот премин Блаце, додека вчера на Jажинце бил спречен шверц на голема количина лекови.

– Од 1 јули до 30 септември годинава или за последното тримесечје, за 70 отсто е зголемен бројот на случаи на заплени, споредено со истиот период 2023 година, лани во тој период биле 54, со 73.631 запленето парче, додека годинава бележат 92 заплени, со 396.592 парчиња. Тоа значи дека за она што се бориме, а тоа е професионално врешење на работата на царинските службеници, тоа и се забележува, резултатите се видливи и мерливи, и од аспект на финансии, полнење на буџетот, но и од аспект на нашето оперативно работење. Со реконструкцијата на управната зграда ќе добиеме нови помодерни услови, современи услови за работа на царинските но и на полициските службеници, но се создаваат и услови за подобро оперативно работење, што за нас како службеници е многу битно, со фокус на квалитет, што значи откривање и спречување на недозволената трговија со забранети стоки, рече Николовски, објавувајќи ја големата заплена од пред два дена на Блаце.

За оваа заплена говореше и премиерот Мицкоски порачувајќи дека сите криминалци ќе одговараат за стореното.

-Пред два дена е спречена нелегална трговија на 36 килограми опојна дрога, марихуана, а во текот на вчерашниот ден имаше нелегална трговија на лекарства, исто така, во огромна количина. Ќе продолжиме во периодот којшто следи да работиме на спречување на вакви појави, а криминалците нема да бидат повеќе безбедни. Со заминување на власта на претходната Влада на СДСМ и ДУИ пораката којашто сакаме да ја упатиме е дека секој оној што ги почитува законите и Уставот ја има и нашата почит, но секој оној криминалец без разлика дали е тоа политички или поинаков ќе биде фатен, спроведен и однесен да одговара за тоа што го прави, рече Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Дом за млади – купи куќа за младите“ и поддршка за фирмите кои ќе вработат мајки на три или повеќе деца
Следна Статија Тошкоски: Нема веќе бришење на казни

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

УХМР најавува студен бран со обилни врнежи од снег

Управата за хидрометеоролошки работи за претстојната ноќ најави врнежи кои почнувајќи од север ќе преминуваат во снег и во пониските…

January 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Забрана на нови 42 нелегални онлајн игри на среќа

Министрот за дигитална трансформација Стефан Андоновски потпиша трет налог за забрана на онлине игри на среќа. -Вкупно 268 нелегални страници…

July 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Честитка од Кос за Денот на независноста: Цврсто го поддржувам вашиот пат кон ЕУ

Европската комесарка за проширување Марта Кос во објава на Икс упати честитка до македонските граѓани по повод Денот на независноста.…

September 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

За трагедиите во Модуларната болница, Ласкарци и Беса транс има нула кривични пријави, вели Тошковски, за Кочани досега две со 34 опфатени лица

За трагедиите во Модуларната болница во Тетово и автобуските несреќи Ласкарци и на Беса Транс во Бугарија МВР не поднело…

April 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?