Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Уапсен е Раде Трајковски Штекли
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Уапсен е Раде Трајковски Штекли
ХРОНИКА

Уапсен е Раде Трајковски Штекли

Објавено January 18, 2025 16:25
Сподели
Сподели

Македонската полиција денеска (сабота 18 јануари) во попладневните часови во близина на хотел во околината на Гевгелија го уапси наркобосот Раде Трајковски-Штекли. Уапсен е при обид за бегство.

Тој се сомничи за трговија на дрога. Тој предводел група од над десетина члена кои се занимавале со продажба на наркотични средства. МВР и Бирото за јавна безбедност се во потрага и апсење на целата негова група. Оваа акција на МВР уследува по сузбивањето на арачиновската група Беланоца.

Штекли е познат по пресметките со нарко картелите и се поврзува со низа кривични дела. Тој во август и во октомври 2023 година избегна два обиди за убиство на иста локација – во Ист Гејт Мол во Скопје. 

Долго време не беше точно позната локацијата на Штекли. На 10 декември минатата година на социјалните мрежи Штекли објави фотографија од богата трпеза за која тврди дека е во Белград. Тогаш се шпекулираше дека тој се наоѓа на краток престој во Србија.

Лани на 14 ноември во дворот на куќата на Шеткли во скопската населба Керамидница беше фрлена бомба. Штекли се здоби со повреди и беше итно пренесен во Градската болница „Св. Наум Охридски“. Снимка од детонацијата се појави на социјалните мрежи. Се претпоставува дека направата била активирана со далечински управувач.

Во декември 2023 година обвинителство покрена истрага за автосалонт од Кочани и 18 лица кои криумчареле крадени луксузни возила. Меѓу нив беше и сопругата на Шеткли, српска државјанка со престој во Македонија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Се урна жичарница на ски патека во Шпанија- најмалку 30 тешко повредени
Следна Статија Полициски службеник „падна“ за 50 евра поткуп

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Притвор за 15-годишното момче кое неколкупати силувало петгодишно девојче

Основното јавно обвинителство Гостивар до судијата за деца во гостиварскиот суд поднесе барање за поведување подготвителна постапка и предлог за…

April 5, 2025
ХРОНИКА

Кривична за стружанец за кражба на струја во вредност од 4.000 евра

СВР Охрид поднесе кривична пријава против правно лице – угостителски објект и против А.Р.(27) од Струга, сопственик на правното лице,…

February 13, 2025
ХРОНИКА

Екс вработени во МВР добија кривични, еве што направиле

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава…

April 28, 2025
ХРОНИКА

Осми „Марш за ангелите“ во Кочани: Солзи, болка и револт

Семејствата на починатите во пожарот во Кочани, денеска со почеток од 16 часот и 5 минути ќе го одржат осмиот…

May 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?