Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: УЈП: Даночно намалување кај данокот на личен доход и данокот на добивка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > УЈП: Даночно намалување кај данокот на личен доход и данокот на добивка
ЕКОНОМИЈА

УЈП: Даночно намалување кај данокот на личен доход и данокот на добивка

Објавено January 16, 2025 12:40
Сподели
Сподели

Управата за јавни приходи ги потсетува вршителите на дејност кои водат деловни книги и даночните обврзници за данокот на добивка кои во текот на 2024 набавиле и ставиле во употреба до 10 фискални системи на опрема односно фискална апаратура и интегриран автоматски систем за управување согласно Законот за регистрирање на готовинските плаќања, најдоцна до 20-ти јануари до УЈП да поднесат Барање за одобрение на даночно ослободување по основ на воведување на фискален систем на опрема, односно фискална апаратура и интегриран автоматски систем за управување (образец „ДЛД-02”), заради намалување на пресметаниот данок на личен доход во Годишниот даночен биланс за 2024 (образец „ДЛД-ДБ”), кое се поднесува електронски преку https://e-ujp.ujp.gov.mk или во хартиена форма до архивата на организациската единица на УЈП.

Од УЈП во денешното соопштение посочуваат дека даночните обврзници треба да поднесат и Барање за издавање на одобрение за намалување на пресметаниот данок на добивка по основ на воведување и користење фискален систем на опрема, односно фискална апаратура и интегриран автоматски систем за управување (образец „ДД-07″), заради намалување на пресметаниот данок на добивка во Даночниот биланс за оданочување на добивката за 2024 година (образец „ДБ“), електронски преку https://etax-fl.ujp.gov.mk/ или во хартиена форма до архивата на организациската единица на УЈП.

– Во прилог на барањата ДЛД-02 и ДД-07 задолжително се поднесува, односно прикачува: Копија од фактура/и за извршена набавка на фискален систем на опрема и/или Друг доказ за извршена набавка на фискален систем на опрема, велат од УЈП

Оттаму посочуваат дека неискористеното право на намалување на пресметаниот данок на личен доход, односно данок на добивка во ДЛД-ДБ за 2024 односно ДБ за 2024, може да се пренесе во следните периоди, сѐ до неговото целосно искористување.

За дополнителни информации или поддршка во врска со барањата ДЛД-02 и ДД-07 може да се обратите до Контакт центарот на УЈП на:е-пошта: info@ujp.gov.mk или на телефонски броеви: 0800 33 000 и 02 3253 200.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Да не остане „покус“ од Мијалков, Дрин Ахмети вози „Ролс Ројс“
Следна Статија Состанок на Ристески со производители, дистрибутери и трговци: Новогодишната кошница заврши, цените да останат на истото ниво

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Азија подготвена за претпазлив почеток пред зафатена недела со податоци

Глобалните акции и обврзници започнаа декември под притисок, додека обновениот пад на криптовалутите и строгите коментари од Банката на Јапонија…

December 2, 2025
ЕКОНОМИЈА

Раст од 16,7 проценти на цената на становите во првиот квартал годинава

Во првиот квартал годинава становите во Скопје поскапеле за 16,7 проценти на годишно ниво, а за 0,1 процент на квартално,…

April 8, 2026
ЕКОНОМИЈА

Од следната недела „Визер“ ќе лета од Скопје за Лион и Барселона

Нискобуџетната авиокомпанија „Визер“ планира до ноември годинава да ја замени својата флота на авиони од типот „ербас А320“ со моделот…

April 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Девизните резерви во декември лани повисоки за 63,1 милион евра во однос на ноември

На крајот на декември 2025 година официјалните девизни резерви изнесуваат 4.925,3 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат…

January 8, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?