Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Усмртиле пешак: Маж и жена лажеле за да избегнат вина- снимките од „Сејф сити“ го уловиле возачот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Усмртиле пешак: Маж и жена лажеле за да избегнат вина- снимките од „Сејф сити“ го уловиле возачот
ХРОНИКА

Усмртиле пешак: Маж и жена лажеле за да избегнат вина- снимките од „Сејф сити“ го уловиле возачот

Објавено November 3, 2024 14:20
Сподели
Сподели

На 02.11.2024 во 17.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„500“ и ул.„401“ во Марино, скопско, патничко возило „хонда цивик“ со скопски регистарски ознаки, удрило во В.Н.(78) од Марино, а потоа возилото го напуштило местото на настанот.

Во несреќата, од здобиените повреди, на местото на настанот починала В.Н., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. По насоки на јавен обвинител телото на почината било предадено на обдукција.

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје и биле преземени низа оперативни мерки за пронаоѓање на возачот и возилото. Прегледани се видео снимки од околни објекти, разговарано е со лице- сведок, како и со лицата кои се сопственици на возилото, кои во службен разговор изјавиле дека го дале возилото на непознато лице без купопродажен договор.

Но, по преглед на снимките од „Сејф сити”, констатирано е дека се работи за лажна изјава на сопственичката на возилото Ј.С. од Скопје, која веднаш е приведена во ПС Гази Баба и признала дека нејзиниот сопруг И.С. (46) го управувал возилото.

По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јаневска: Изготвивме нов Закон за учебници со кој спречуваме недостиг и доцнење на испораката
Следна Статија Лефков: Советот на јавни обвинители ја назначил сопствената претседателка за член на УО на Академијата за судии и обвинители, веднаш да ја отповика

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Обвинителката Стојковиќ: На снимките се гледа дека учествуваат сите четворица, нема дилема во нивниот лик

Обвинителката Ана Стојковиќ Димитровска по денешното рочиште рече дека нема дилеми од снимките од домот на обвинетиот Велибор Манев покажуваат…

February 21, 2025
ХРОНИКА

Прифатени барањата на Обвинителството за новосомничените за пожарот во Кочани, притвор од 30 дена за четири лица, домашен притвор за шест

Основниот суд Кочани денеска ги прифати предложените мерки за новосомничените лица во проширената истрага за пожарот во дискотеката „Пулс“ што…

April 13, 2025
ХРОНИКА

Тешко повредени млад возач и девојче, откако излетале со автомобил

На 25.07.2025 во СВР Тетово е пријавено дека околу 22.50 часот на регионалниот пат Желино-Сиричино, тетовско, патничко возило „опел“ со…

July 26, 2025
ХРОНИКА

Црн чад над Скопје, гори депонијата кај Визбегово

- Голем пожар утринава има во Визбегово. Според првичните информации од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје гори отпад.  Командантот…

July 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?