Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Утре во 17 часот нов протестен марш во Скопје за Фросина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Утре во 17 часот нов протестен марш во Скопје за Фросина
МАКЕДОНИЈА

Утре во 17 часот нов протестен марш во Скопје за Фросина

Објавено February 1, 2025 18:37
Сподели
Сподели

Ве известуваме дека на ден недела, 02.02.2025 г., во 17:00 часот ќе се одржи протест на булевар Партизански одреди, кај Универзална сала. Случајот со Фросина Кулакова не е изолиран, се повторуваат истите случаи на неконтролирано возење со години, се повторува неказнувањето и недолжното згаснување животи.

Фрустрирани од состојбите што не се менуваат, повикуваме на изразување граѓански револт.
Системот ги отфрла децата и младите кои поради недоволна грижа го избираат погрешниот пат. Институциите не се координирани и тоа доведува до млади кои не ја добиваат потребната поддршка за да бидат активни чинители во општеството. Тој недостиг од поддршка резултира со сѐ почести фатални последици. Протестот има за цел да адресира три главни проблеми:

Нефункционалност на системот за заштита на децата и младите кои се во судир со законот
Недоволна безбедност во градовите
Глорификација на девијантно однесување

Алките во системот за работа со деца и млади во судир со законот не функционираат. Институциите не настапуваат координирано за идентификување на децата и младите во судир со законите, а тие кои веќе се идентификувани не ја добиваат функционалната грижа за да се изградат во корисни и чесни граѓани на општеството. Дополнително, урбаната инфраструктура не ја осигурува потребната безбедност. Неопходно е градовите да можат да гарантираат безбедни услови за живот. За крај, од исклучителна важност е да се поттикне јавната свест кон гласно осудување на глорификацијата на девијантното однесување. Круцијално е да се информираат граѓаните за последиците од возвишувањето на неказнивоста и заобиколувањето на правилата.

Со почит,
„Кој е следен?”

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Симулациска вежба за проверка на функционалноста на системот за безбедност
Следна Статија (ФОТО) Кој му даде на Васил Јованов мобилен телефон во Шутка?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Затворен е патот кон Теферич на Водно поради свлечиште

Затворен е патот кон Теферич на Водно поради свлечиште, информираше Општината Кисела Вода. Сакаме да ве информираме дека поради новонастанатата…

May 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Новиот кум и здравичарот за Бадник во Скопје велат чувството е убаво, возбудата е голема, радоста е уште поголема

Во организација на Здружението на граѓани „Одбор за традиционална прослава на Бадник“ во месноста Краста на падините на Водно ќе…

December 12, 2024
МАКЕДОНИЈА

Велигденско послание на г.г. Стефан: Трагедијата во Кочани не сплоти во тага и во молитви за настраданите

Собрани со торжествена радост, соединети со вера во воскреснатиот Господ, денес го славиме најголемиот настан во историјата – Христовата победа…

April 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Митрополит г. Петар: Денес се роди оној што ја носи љубовта и мирот

Денес се роди оној кој ја носи љубовта во својата суштина, и мирот во своето битие, се роди Христос нашиот…

January 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?