Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Вашингтон пост“: Бајден се кае што се повлече од претседателската трка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > „Вашингтон пост“: Бајден се кае што се повлече од претседателската трка
СВЕТ

„Вашингтон пост“: Бајден се кае што се повлече од претседателската трка

Објавено December 29, 2024 11:00
Сподели
Сподели

Американскиот претседател во заминување Џозеф Бајден се кае што се повлече од претседателската трка и верува дека можел да го победи својот републикански ривал, изјавија извори од Белата куќа за „Вашингтон пост“.

Според нивните тврдења, Бајден смета и дека не требало да го назначи Мерик Гарланд за јавен обвинител на САД, бидејќи бавно го спроведувал процесот на гонење на Трамп за неговата улога во нападите врз Капитол во 2021 година.

Американското Министерство за правда под Гарланд го гонеше и синот на Бајден, Хантер, кој неодамна доби целосно помилување од неговиот татко.

Бајден се откажа од претседателската трка по лошиот настап во дебатата против Трамп во јуни и ја поддржа неговата потпретседателка, Камала Харис, која загуби од републиканецот на изборите во ноември, и покрај првичното водство во анкетите.

„Вашингтон пост“ објави дека Бајден и неговите соработници не ја обвинуваат Харис за поразот на демократите, но дека тие веруваат дека исходот би бил поинаков доколку актуелниот претседател останел демократски кандидат.

Тоа е став кој го оспоруваат многу поддржувачи на Харис, кои го обвинуваат претседателот за предолго чекање за да се повлече. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Марка“: Крај на „шпанската серија“, Барселона ќе го регистрира Олмо
Следна Статија Син на поранешен функционер е повикан во полиција поради оддавање службена тајна

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трамп: Мора да го имаме Гренланд за безбедноста на САД

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека на САД им е потребен Гренланд за „националната заштита и затоа мора да го…

December 23, 2025
СВЕТ

Зеленски го нападна Трамп: Живее во балон на дезинформации, САД му помогнаа на Путин да излезе од изолација!

Украинскиот претседател Володимир Зеленски одржа итна прес-конференција откако американскиот претседател рече дека на Украина ѝ требаат избори пред да потпише…

February 19, 2025
СВЕТ

Американците со арапско потекло, сè повеќе наклонети кон Трамп, не сакаат да гласаат за Харис по нејзините изјави за Израел

Тоа што кампањата на Трамп ќе отвори канцеларија во Хамтрамк, мал град со околу 28.000 жители северно од центарот на…

October 20, 2024
СВЕТ

Градоначалникот на Чикаго до Трамп: Не сакаме тенкови на нашите улици

Градоначалникот на Чикаго, Брендон Џонсон, го отфрли потенцијалното распоредување на Националната гарда во градот од страна на американската федерална влада,…

August 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?