Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Велика Британија ги украла Мермерите од Партенон, Грција се надева дека ќе и ги вратат
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Велика Британија ги украла Мермерите од Партенон, Грција се надева дека ќе и ги вратат
БАЛКАН

Велика Британија ги украла Мермерите од Партенон, Грција се надева дека ќе и ги вратат

Објавено December 4, 2024 19:40
Сподели
Сподели

Почнувајќи од Кирјакос Мицотакис до сите нас кои сме инволвирани во конкретната тема, немаше да работиме со ваква посветеност, методичност доколку навистина не верувавме дека скулптурите ќе се вратат, истакна министерката за култура на Грција Лина Мендони во интервјуто за телевизијата ЕРТ говорејќи за Мермерите од Партенон, кои се наоѓаат во британскиот музеј, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерката за култура на Грција посочи дека не е прашање што „ќе се затвори преку ноќ“, но нагласи дека „се води дискусија, постојат консултации со Британскиот музеј, како и отворен дијалог со целата научна заедница“

– Веќе постои меѓународна клима, која го фаворизира враќањето на културните добра кои беа украдени, насилно отстранети од територијата на една земја. Ова е морално прашање што се провлекува низ политиките на големите музеи и воопшто културната политика на меѓународен план, истакна министерката.

Таа додаде дека „повторното обединување на скулптурите на Партенон е постојано грчко барање, на кое работи целата Влада“.

Прашањето за враќањето на скулптурите, според медиумите во Грција се очекува да биде една од темите на денешната средба во Лондон на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис со британскиот премиер Кир Стармер.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Орбан и папата Франциск разовараа за изгледите за мир во Украина
Следна Статија (ВИДЕО) Украинците нападнаа база на 200 километри од Москва

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАНЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАПОЛИТИКА

ЕУ: Старт на преговорите веднаш штом ги внесете Бугарите во Уставот

Европската комисија со нетрпение очекува што е можно поскоро почеток на преговорите по поглавја со Албанија и Македонија вели портпаролката…

September 26, 2024
БАЛКАН

Откако не му даде да води театар и кино, актерот Милош Биковиќ се сврти против Вучиќ

Актерот Милош Биковиќ кој во моментов е еден од најпопуларните во Србија, се сврти против претседателот Александар Вучиќ. Тој се…

December 26, 2024
БАЛКАН

Вртоглави животни трошоци: Во Западен Балкан потрошувачите ги бојкотираат супермаркетите

Сѐ почна во Хрватска кон крајот на јануари. Веќе неколку недели, во земјата се одржуваат многубројни бојкоти на супермаркети, со…

February 15, 2025
БАЛКАН

Kанадски адвокат: Слободан Милошевиќ беше отруен во Хаг

Канадскиот адвокат на поранешниот српски претседател, Слободан Милошевиќ, Кристофер Блек, вели дека тој бил отруен во судот во Хаг. Во…

November 15, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?