Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Велјановски: Сето она што беше во седум години разрушено, сега со овој буџет треба да се донесе „мирно море“ и да се говори за реформи, нови инвестиции
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Велјановски: Сето она што беше во седум години разрушено, сега со овој буџет треба да се донесе „мирно море“ и да се говори за реформи, нови инвестиции
ПОЛИТИКА

Велјановски: Сето она што беше во седум години разрушено, сега со овој буџет треба да се донесе „мирно море“ и да се говори за реформи, нови инвестиции

Објавено November 23, 2024 17:40
Сподели
Сподели

Во текот на денешната Комисија за финансирање и буџет од собраниската говорница свое обраќање имаше и пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски кој укажа на обидот од страна на опозициските пратеници за целосен дефокус од она за што реално треба да се говори, а тоа се амандманите поднесени по Предлог-буџетот за 2025 година.

Во тој контекст, Велјановски најпрво се осврна на самиот Буџетот за 2025 година кој треба да се реализира во идниот период.

„Овој буџет содржи мерки за финансиска консолидација и дисциплинирано даночно трошење и мерки за поттикнување на економскиот раст. Значи, сето она што беше во седум години претходно разрушено, опљачкано, сега треба да се стабилизира, сега овој буџет треба да донесе едно „мирно море“, во кое што ќе може да се говори за унапредување, реформи и за нови инвестиции“, вели Велјановски.

Велјановски, обраќајќи се до пратеникот и поранешен претседател на Уставниот суд, Сали Мурати потсети на фактот дека изминатите седум години општеството не се движеше во правилна насока и дека за тоа е директно одговорна претходната власт, чиј коалиционен партнер бил самиот тој како претставник на турската заедница.

„Не може да се апстрахирате и вие, па и вашите колеги кои долго време беа на власт, дел од нив и 20 години, дека немаат никакво влијание во процесите за правата на сите заедници и сите тие се и виновници за сите фази на дискриминација кои се случувале во текот на овие години. Треба и вие добро да се запрашате со кого стоите во коалиција и со кого стоите рамо до рамо. Зошто вашите колеги- партнери не ги унапредија правата на Турците во овие седум години зошто сега се доведувате во ситуација да бидете најистурен играч на ДУИ, за да ги браните правата?“, концизен е Велјановски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Снежна бура ги погоди Велика Британија и Ирска, колапс во сообраќајот, 60.000 луѓе без струја
Следна Статија Украина загуби над 40 отсто од територијата во Курск

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Кузеска: Учениците без учебници, владата се гоштева со ф’стаци и бадеми – Јаневска да понесе одговорност

СДСМ остро ја критикува Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и министерката за образование Весна Јаневска поради, како што велат, целосен колапс…

September 23, 2025
ПОЛИТИКА

Милошоски: За прв пат имаме Влада која големи средства вложува во локалната самоуправа

На поткастот „На кавга со Иван“ што се емитува на Канал 5 телевизија, гостуваше пратеникот и член на ИК на…

November 12, 2024
ПОЛИТИКА

Касами: Али Ахмети им ги даде имотите на Српската банка

„Али Ахмети со неговата фамилија продава имот на банката на режимот на Александар Вучиќ. Али Ахмети, ни ветуваше основање на…

September 27, 2025
ПОЛИТИКА

Владата ги отфрли документите на СДСМ за Министерството за животна средина и ги оцени како шпекулации

Владата ги провери и затоа ги отфрла шпекулациите и неточните наводи изнесени од СДСМ и ДУИ во врска со работата…

February 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?