Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Алфа го „улови“ Ковачевски во Собранието – не сакаше да одговори како тој како шеф на Груби не е осомничен за аферата „Лотарија“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > (ВИДЕО) Алфа го „улови“ Ковачевски во Собранието – не сакаше да одговори како тој како шеф на Груби не е осомничен за аферата „Лотарија“
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Алфа го „улови“ Ковачевски во Собранието – не сакаше да одговори како тој како шеф на Груби не е осомничен за аферата „Лотарија“

Објавено December 18, 2024 17:30
Сподели
Сподели

Како Артан Груби може да е осомничен, а Димитар Ковачевски како негов шеф кој на дневен ред ги ставил точките поврзани со аферата „Лотарија“, да не е? прашува ТВ Алфа. Поранешниот премиер сега пратеник, денеска прв пат – откако и за него МВР поднесе кривична пријава – се појави во јавност. Претходните денови не ни одговараше на телефонските повици на Алфа. Денеска дојде на седница во Собрание, но не можеше да ги избегне новинарските екипи. Не се чувствува виновен за тоа што го откри МВР. Вели никогаш не го прекршил законот – ниту како претседател на Владата, ниту кога бил на позицијата заменик министер за финансии.

-Сепак вие бевте претседател на Владата, дали ви е страв од можна кривична одговорност бидејќи во вашиот мандат беа овие договори кои што сега се дел од кривична постапка?)

-Јас ви кажав дека целото работење е достапно на институциите, сепак седниците на Влада се колективни тела, каде што се носат одлуки и тие се носат согласно законите на Република Северна Македонија и уште еднаш ви повторувам дека на ниту еден начин немам учествувано како претседател на Влада, во работењето на јавните претпријатија и Акционерските друштва во државна сопственост

-Како Груби е осомничен, а неговиот шеф не е?

-Ви благодарам…, кажа Ковачевски заминувајќи.

Откако од МВР заработи кривична пријава, вели не знаел ништо повеќе од она што сите сме го слушнале. Се надева дека надлежните професионално ќе си ја завршат својата задача.

-Секако дека работењето треба да биде на увид на сите институции, тоа е прво. Второ во однос на информациите кои што беа пласирани во јавноста, тие си информациите со кои што и јас единствено располагам, бидејќи не сум бил контактиран од институциите, се надевам дека институциите целиот тој процес ќе го водат на непристрасен и на професионален начин, така како што треба, изјави Ковачевски.

Според кривичната пријава од МВР, Ковачевски по претходен договор со поранешниот директор на Лотарија Прпарим Бајрами, на владината седнива ја ставил на дневен ред точката и усвои постапка за основање на трговското друштво „Нова Државна Видео Лотарија – НОВО ВЛТ ДОО Скопје“, иако знаел дека материјалите не се разгледуваат на седница согласно Деловник за работа на Владата. Со ова овозможил друштвото да стекне право да приредува игри на среќа без лиценца и на одговорните лица им овозможил противправна имотна корист од речиси милион и 400 илјади евра.

ВИДЕО СО КОВАЧЕВСКИ НА ТВ АЛФА

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филип Морис Интернешнал и Тутунски комбинат Прилеп прославуваат една деценија успешна соработка
Следна Статија Скопјанец почина во пожар во својот дом, неговата сопруга хоспитализирана поради гушење

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Митрололитот Георгиј устоличен на тронот на Дебарско-кичевската епархија

Дебарско-кичевската епархија доби нов митрополит. Во Соборниот храм на охридските архиепископи „Света Софија“ во Охрид, денеска со Божествена литургија со…

July 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Кадриу открива како Заев и Шеќеринска на рака им давале на Ленче, Гаврил, Лиле и Фатиме од СЈО материјали на рака без записник

Имавме кујна и еден ден отидов да си земам кафе. Излегувам од канцеларијата и ги гледам Зоран Заев и Шеќеринска,…

February 8, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: 23 Октомври е завет дека Македонија никогаш нема да биде ничија туѓа мисла, туку вечен порив за слобода

Секој народ се изроди низ борба, откажувања, безброј жртви и силна вера и копнеж за својата слобода. Нашиот, иако по…

October 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Фатен препишувач на полагањето матура, си го стопира времето зацела една година

Петнаесет илјади матуранти денес полагаа испит по мајчин јазик, првиот од двата екстерни испити од државната матура. Дел од учениците…

May 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?