Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Видео) Американска база од 1959 година забележана под 30 метри мраз на Гренланд
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > (Видео) Американска база од 1959 година забележана под 30 метри мраз на Гренланд
СВЕТ

(Видео) Американска база од 1959 година забележана под 30 метри мраз на Гренланд

Објавено November 29, 2024 11:20
Сподели
Сподели

Научниците на НАСА забележале „одамна изгубен град“ под слој мраз од 30 метри. Кампот Century, отворен во 1959 година во северозападниот дел на Гренланд, беше никогаш незавршена тајна локација за лансирање на балистички ракети наменети да стигнат до Советскиот Сојуз.

Мразот почна да прави проблеми, па Американците се откажаа од проектот. Кампот беше напуштен пред 58 години и падна во заборав. Тоа беше се додека научникот на НАСА, Чад Грин, со помош на Алекс Гарднер, не прелета над Гренланд во април оваа година за да ги мапира ледените плочи и да го процени идниот пораст на нивото на морето. Случајно забележале камп на радарот, иако на почетокот не знаеле што е тоа.

Иако присуството на базата е познато со години, НАСА соопшти дека новото мапирање ги прикажува структурите „на начин на кој не биле видени досега“. Официјално, кампот Century беше создаден за да ги тестира градежните техники под мразот, но вистинскиот план беше строго таен – да се создаде скриена локација за лансирање во случај на конфликт со Советскиот Сојуз.

Беше напуштен во 1966 година, но она што САД го оставија зад себе – околу 200.000 литри дизел гориво и отпадни води – предизвика спор околу неговото чистење. Гренланд претходно ја повика Данска да преземе одговорност, тврдејќи дека Данците го потпишале оригиналниот договор.

При крајот на неговиот прв мандат, новоизбраниот претседател Доналд Трамп изјави дека е заинтересиран да го купи Гренланд од Данска, опишувајќи го како „во суштина голема зделка за недвижнини“. Како што се топи ледената покривка на Гренланд, може да се најдат злато, рубини, дијаманти, бакар, мермер и нафта.

Топењето значи дека досега недостапните извори на енергија и минерали сега се подостапни, но зголемувањето на нивото на морето претставува зголемен ризик за крајбрежните заедници ширум светот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Да газиш и кинеш, уништуваш знаме на држава која те израснала, образовала платила и плаќа, вложува во тебе е злосторство и треба да одговараш“, рече Димитриевски
Следна Статија На ДУИ полицијата и е виновна што Албанци го палеа македонското знаме

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Украинскиот генерал потврди: Започна огромен руски напад во Курск

Русија се обидува да ги истисне украинските сили од нејзиниот западен регион Курск со десетици илјади војници, рече главниот украински…

November 11, 2024
СВЕТ

(Видео) Бајден ги нарече поддржувачите на Трамп – ѓубре, Доналд на митинг дојде со камион за отпад

Доналд Трамп, по изјавите на Бајден за поддржувачите и ѓубрето, одржа говор на митинг во Висконсин во рефлективен елек, а…

October 31, 2024
СВЕТ

Обновата на Газа ќе чини повеќе од 53 милијарди долари

Обновата на опустошениот Појас Газа по повеќе од една година војна ќе чини над 53 милијарди долари, од кои повеќе…

February 11, 2025
СВЕТ

Уапсен маж кој со автомобил прегази пешаци во Лондон

Страшен инцидент се случи во центарот на Лондон на Божиќ кога автомобил удри во пешаци. Четири лица се пренесени во…

December 25, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?