Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВИДЕО| БиХ: Зголемен бројот на загинати во поплавите и свлечиштата, се трага по исчезнатите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > ВИДЕО| БиХ: Зголемен бројот на загинати во поплавите и свлечиштата, се трага по исчезнатите
БАЛКАН

ВИДЕО| БиХ: Зголемен бројот на загинати во поплавите и свлечиштата, се трага по исчезнатите

Објавено October 5, 2024 22:14
Сподели
Сподели

Бројот на потврените смртни случаи во Босна и Херцеговина се искачи на 18 откако во саботата во текот на денот беа пронајдени телата на уште две жртви, а се трага по уште осум исчезнати лица во северниот дел на Херцеговина, кој најмногу настрада во поплавите и карпите.

Шефот на Секторот за односи со јавноста на владата на Херцеговско-неретванската жупанија Дарко Јука, изјавил за агенцијата Hina дека едното безживотно тело е откриено во градот Доња Јабланица, а другото во селото Бутуровиќ Поље во општина Коњиќ.

Досега петнаесет лица загинаа во поплавите и одроните во Херцеговина што во петокот вечерта го погодија овој дел од земјата.
Уште три лица се удавија во поплавите што се случија по обилните дождови во Фојница во централна Босна.

Сѐ уште се трага по најмалку пет исчезнати лица во Доња Јабланица и тројца во Бутуровиќ Поље.

Потрагата ја отежнува дождот кој повторно почна да врне, а сѐ поголема е загриженоста за нови порои.

Огромно количество камен, песок и земја паднало врз селото Доња Јабланица и затрупало голем број куќи во кои биле сместени цели семејства.

Во Бутуровиќ Поље се урнати 20 семејни куќи, додека во Доња Јабланица можеме да зборуваме за десетици урнати објекти.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мајкл Џордан купи автомобил каков што нема никој друг во светот (Фото)
Следна Статија На 22 години ги посетил сите земји на светот, во четири држави му барале доказ дека не е шпион (ФОТО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Актерот Жарко Лаушевиќ целиот живот се плашеше од крвна одмазда, неговиот затворски цимер го одмазди единствениот син

Дека крвната одмазда се уште ја има во Црна Гора пример е актерот Жарко Лаушевиќ и неговиот затворски цимер Никола…

January 5, 2025
БАЛКАН

Пишман аџија: Виктор Стојанов се откажа од блокадата на граничните премини кон Македонија

Блокадата награнични премини меѓу Македонија и Бугарија, која беше најавена за во недела од бугарската Фондација Македонија, е откажана. „Организаторите…

June 19, 2026
БАЛКАН

Уапсен и третиот осомничен за бомбашкиот напад врз куќата на Здравко Чолиќ

Во ефикасна акција на Управата за криминалистичка полиција на Србија синоќа  е уапсен и третиот осомничен поврзан со нападот врз…

February 7, 2026
БАЛКАН

Уапсен е поранешниот претседател на Албанија, Илир Мета

Поранешниот претседател на Албанија и лидер на Партијата на слободата, Илир Мета, е уапсен во Тирана по налог на Специјалното…

October 21, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?