Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) „Бумеранг“ на Лоба, химна за нови почетоци во Новата година
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > (ВИДЕО) „Бумеранг“ на Лоба, химна за нови почетоци во Новата година
ЗАБАВА

(ВИДЕО) „Бумеранг“ на Лоба, химна за нови почетоци во Новата година

Објавено December 3, 2024 23:00
Сподели
Сподели

„Бумеранг“ е повеќе од музика – таа е симбол на љубовта, сеќавањата и кругот на животот кој секогаш ни се враќа, а со својата емотивна длабочина и инспиративна порака го одбележува крајот на старата и почетокот на новата година.

Компонирана за само неколку часа од мајсторот Лазар Цветковски и самата Викторија Лоба, „Бумеранг“ го спојува нејзиниот талент со моќен текст што таа лично го напиша.

„Бумеранг“ е композиција која ја чувствувам како дел од мене – не само затоа што ја создадовме во еден спонтан, инспириран момент, туку и затоа што нејзината порака длабоко зборува за тоа кои сме ние како луѓе. Животот е круг – сè што даваме, се враќа назад, на свој начин, и токму тоа сакав да го доловам со оваа песна,“ изјави Викторија Лоба.

Видео записот за песната е вистинско ремек-дело. Снимен на три различни локации – магичниот Галичник, урбаното Скопје, Македонија и идиличната Грција – видеото ја раскажува визуелната приказна за „Бумеранг“, внесувајќи уникатна енергија и емоција.

„Снимањето на видеото беше вистинско патување. Галичник, со својата традиција и магична атмосфера, Скопје, со неговата динамика, како и Грција, со нејзината безвременска убавина – сето тоа внесе посебен печат на приказната што ја раскажува ‘Бумеранг’. Се чувствувам благодарна што имав можност да работам со неверојатен тим на професионалци како Дарко Митев, Борис Ралев, Сергеј Сарчевски и Душан Цимбањевиќ. Нивната посветеност и креативност помогнаа да создадеме нешто уникатно, нешто што ќе го допре срцето на секој што ќе го види и слушне,“ додаде Викторија.

Зад видеото стои тим од искусни професионалци: Дарко Митев како режисер, Борис Ралев како директор на фотографија, Сергеј Сарчевски како колорист и Душан Цимбањевиќ како гафер. Нивната креативност и посветеност резултираа со видео кое совршено ја доловува емотивната суштина на песната.

„Бумеранг“ не е само песна – тоа е порака, потсетник дека љубовта, добрината и искреноста се враќаат како ехо, токму кога ни се најпотребни. Со оваа песна сакам да ја испратам 2024 година со благодарност и да ја пречекам 2025 година со надеж и радост. Верувам дека ова ќе биде химна за нови почетоци и позитивна енергија за сите нас,“ истакна Лоба.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Донев: На Дамева не ѝ беше местото таму
Следна Статија Меркел за Си-Ен-Ен: Трамп е фасциниран од неконтролираната моќ на Путин и Ким Џонг Ун

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Овој пијалок ќе ве препороди ако сте претерале со јадење и пиење!

Според некои истражувања, во текот на празниците внесуваме околу 4.500 калории дневно. Ако нашиот организам не е подготвен на тоа,…

January 2, 2025
ЗАБАВА

Меркур влезе во Стрелец: Астро прогноза за секој хороскопски знак

Планетата на комуникацијата Меркур влегува во полето на авантуристичкиот Стрелец. Еве како ќе влијае на вашиот хороскопски знак. Планетата на…

October 30, 2025
ЗАБАВА

ГТА 6, Резидент Евил 9, вештачка интелигенција и ЕА: Трендови во играњето кои треба да ги следите во 2026 година

Идната година може да биде многу значајна за видео игрите - еве на што треба да обрнете внимание.

January 1, 2026
ЗАБАВА

Најубавата европска плажа за 2025 година е во Грција

Плажата Гларокавос ја доби оваа титула по гласањето на туристи од целиот свет на натпревар организиран од меѓународната организација European…

June 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?