Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Видео) Хаос во палатата на Башар ал-Асад: уништен дел од инвентарот, се крадат вредни предмети
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > (Видео) Хаос во палатата на Башар ал-Асад: уништен дел од инвентарот, се крадат вредни предмети
СВЕТ

(Видео) Хаос во палатата на Башар ал-Асад: уништен дел од инвентарот, се крадат вредни предмети

Објавено December 8, 2024 18:40
Сподели
Сподели

Сириските бунтовници прогласија крај на владеењето на претседателот Башар ал Асад откако го освоија Дамаск.

Набрзо тие упаднаа во палатата на Асад во Дамаск, каде што, како што пренесе АФП, запалиле една сала.

Илјадници луѓе се собраа во Дамаск за да го прослават ослободувањето од династијата Асад, извикувајќи „Слобода“ на главниот плоштад во градот. Премиерот Мохамад Гази ал Џалали повика на слободни избори, нагласувајќи ја потребата од демократски реформи.

Во моментот на преземање на главниот град, бунтовниците отидоа и во приватната палата на Асад во областа Малкех, каде што ги пребараа просториите и ги земаа работите. На снимките и фотографиите од местото на настанот се гледа како луѓето слободно шетаат низ луксузните простории, додека некои, револтирани од владеењето на Асад, уништуваат инвентар и крадат вредни предмети.

На едно од видеата наводно се гледа собата на ќерката на Башар ал Асад. Шкафовите се отвораат, работите се исфрлаат низ собата.

Авионот за кој се верува дека го превезувал сирискиот претседател Башар ал Асад исчезнал од радарите, а некои сириски извори сега тврдат дека е можно Асад да го загубил животот при падот на авионот.

Авионот на Сирија ер полета од аеродромот во Дамаск во исто време кога бунтовниците објавија дека го зазеле главниот град.

Русија објави дека Асад поднел оставка и ја напуштил Сирија.

🇸🇾 Syrians loot Assad’s palace!

They grab all they can. pic.twitter.com/22KEoEwE7t

— Lord Bebo (@MyLordBebo) December 8, 2024
Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пандов: Затворениците повторно ќе бидат ангажирани со општокорисна работа
Следна Статија РЕК Битола работи со два блока, вториот e исклучен поради лошо изведен ремонт

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Воен авион се урна врз училишен комплекс во Бангладеш, најмалку 27 загинати

Најмалку 27 лица загинаа откако авион за обука на воздухопловните сили на Бангладеш се урна вчера во универзитетски и училишен…

July 22, 2025
СВЕТ

Сондата на НАСА се обидува да се приближи до Сонцето

Соларната сонда „Паркер“ се обидува да се приближи до Сонцето на растојание од нешто повеќе од шест милиони километри, што,…

December 24, 2024
СВЕТ

Трагичен напад во Пешавар: Шест лица загинаа во самоубиствен напад

Три борци и три безбедносни службеници загинаа во напад на седиштето на Федералната жандармерија, според медиумските извештаи.

November 25, 2025
СВЕТ

Стапува во сила новата такса за работна виза за САД

Новата такса од 100.000 долари за визи H-1B во Соединетите Американски Држави, која стапува во сила денеска, ќе се наплаќа…

September 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?