Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВИДЕО: Меѓу 28-те преживеани и три деца, од местото на несреќата досега се извлечени 4 тела
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > ВИДЕО: Меѓу 28-те преживеани и три деца, од местото на несреќата досега се извлечени 4 тела
СВЕТ

ВИДЕО: Меѓу 28-те преживеани и три деца, од местото на несреќата досега се извлечени 4 тела

Објавено December 25, 2024 11:40
Сподели
Сподели

Казахстанските власти соопштија дека 28 лица го преживеале падот на патничкиот авион во близина на Актау, меѓу кои и три деца. Се верува дека 39 лица загинаа во несреќата.

Казахстанското Министерство за транспорт соопшти дека во авионот имало државјани на пет земји – 37 Азербејџанци, шест државјани на Казахстан, тројца државјани на Киргистан и 16 Руси.

Според Министерството за вонредни ситуации на Казахстан, од местото на несреќата досега се извлечени четири тела.

Руската агенција за надзор на воздушниот сообраќај информира дека првичните податоци покажуваат дека пилотот се одлучил за принудно слетување откако авионот удрил во птица.

Авионската несреќа се случи утрово, кога авион на Азербејџан ерлајнс летал од Баку кон Грозни, но бил пренасочен поради магла во Чеченија. Наместо тоа, бил принуден на итно слетување на три километри од Актау, западен Казахстан.

Руски медиуми тврдат дека авионот не можел да слета во рускиот град Грозни поради напад на украински дрон. Пилотот го пренасочил летот кон градот Махачкала, административен центар на соседната Дагестанска област, но, според руските медиуми, маглата го спречила да слета таму, пренесува Анадолија.

На крајот побарал дозвола да слета во Актау, казахстански град на Каспиското Море. Несреќата се случила на неколку километри од аеродромот во Актау.

Казахстанскиот претседател Касим-Јомарт Токаев нареди истрага за несреќата, а азербејџанскиот претседател Илхам Алиев ја прекина посетата на Санкт Петербург, Русија, за да се врати во Баку по инцидентот.

Survivors of the Azerbaijan Airlines plane crash in Kazakhstan are coming out of the wreckage. https://t.co/X3LMuYkFSB pic.twitter.com/BDjxht8M1v

— BigBreakingWire (@BigBreakingWire) December 25, 2024
Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Стефан Ристовски пред враќање во македонската фудбалска репрезентација
Следна Статија Илегален мигрант од Гватемала запали жена во метрото во Њујорк

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Експлозии во Каракас: Набљудувачкиот тим на CNN сведок на неочекувани настани

Тимот на CNN забележа повеќе експлозии во сабота навечер во главниот град на Венецуела, при што некои делови од градот…

January 4, 2026
СВЕТ

Хондурас бара апсење на поранешниот претседател Хернандез по помилувањето на Трамп

Генералниот обвинител на Хондурас рече дека наредил хондураските власти и побарал од Интерпол да го извршат налогот за апсење од…

December 10, 2025
СВЕТ

Франција тоне во финансиска криза: Долгот на земјата расте за 5.000 евра секоја секунда

Францускиот премиер Франсоа Бајру ја повика јавноста да ги поддржи неговите драстични намалувања на јавните трошоци, предупредувајќи дека долгот на…

August 6, 2025
СВЕТ

Лавров: Трамп е единствениот на Западот што вели дека приближувањето на Украина кон НАТО е грешка

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска го пофали американскиот претседател Доналд Трамп, истакнувајќи дека тој подобро го разбира…

April 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?