Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Видео) Мицкоски: Нови 15 милијарди денари капитални инвестиции за општините, историски најголема инвестиција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > (Видео) Мицкоски: Нови 15 милијарди денари капитални инвестиции за општините, историски најголема инвестиција
ЕКОНОМИЈА

(Видео) Мицкоски: Нови 15 милијарди денари капитални инвестиции за општините, историски најголема инвестиција

Објавено February 4, 2025 15:06
Сподели
Сподели

Денеска на редовна седница на Владата практично отпочнавме со постапката за објавување на вториот повик преку Министерството за локална самоуправа со којшто ќе се изрази интерес на единиците на локална самоуправа за финансирање на капитални проекти од интерес на граѓаните, истакна премиерот Христијан Мицкоски.

Станува збор, како што појасни, за втор јавен повик за искористување на средства од оние 15 милијарди денари кои Владата, како што дополни, ги стави на располагање на општините.

„До 15 милијарди денари ќе биде вредноста на овој втор повик. Но, тоа не подразбира дека сите овие средства ќе бидат потрошени во тековната фискална година. Ќе повторам за да нема забуни во јавноста, можно е некои проекти да влезат и во три годишни буџети, и во 2025-та и во 2026-та и во 2027-та. Некои проекти да бидат само во 2025-та, некои да бидат и во 2025 и во 2026. Но, вкупниот волумен на средства со кои што ќе се финансираат проектите од овој втор повик, за којшто денеска отпочнавме процедура на редовна владина седница, е до 15 милијарди денари“, нагласи Мицкоски.

За таа цел, како што информира, се задолжуваат Министерството за транспорт, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за образование и наука, Министерството за социјална политика, демографија и млади, Министерството за спорт, Министерството за култура и туризам, да ги утврдат критериумите со коишто ќе се финансираат овие проекти преку капитални дотации.

Владата според премиерот, го задолжи или ќе го задолжи Министерството за локална самоуправа, откако целиот процес ќе биде издефиниран, да го објави јавниот повик за изразување на интерес од страна на единиците на локална самоуправа за финансирање на проектите коишто се дел од овој втор повик.

Ова според него се значајни средства кои се ставаат на располагање на општините за изградба на капитални проекти, како што се училишта, градинки, паркови, водоводи и канализации, со кои се решаваат децениски проблеми на граѓаните.

„Се работи за историски најголема инвестиција на централната власт во единиците на локалната самоуправа, општините преку кои директно се влијае на подобар живот и повисок стандард.

Ова е втор јавен повик, а минатиот повик 78 општини добија 288 проекти со вкупна вредност од 4,5 милијарди денари или повеќе од 73 милиони евра. И дополнително преку Министерството за транспорт, отприлика околу 800 милиони денари коишто се средства коишто со посебна програма беа доделени за финансирање на проекти во општините“, потсети Мицкоски.

Како што оцени, вака директно се помага на граѓаните и општините.

„И ова се мерки коишто се однесуваат само за граѓаните. Само вака, со работа и посветеност го исполнуваме ветеното и Македонија станува повторно на народот“, додаде Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Претседателката Сиљановска-Давкова положи цвеќе по повод 153 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев
Следна Статија Стојковски: Стигнати повеќето лекови на Онкологија, во најбрз рок уште два лека

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Очекуваме уште поголем бран инвестиции откако ќе го завршиме делот на преговори со САД за трговијата меѓу двете земји

Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање дали може да се очекуваат засилени домашни и странски инвестиции, откри дека очекува…

July 31, 2025
ЕКОНОМИЈА

Во среда слетува првиот авион од Париз, Скопје наскоро ќе се поврзе и со Барселона и Лион

Од среда Скопје и Париз се поврзуваат со директна авиолинија, а како што посочува генералниот директор на „ТАВ Македонија“, Неџат…

March 31, 2025
ЕКОНОМИЈА

Стандард и Пурс: Претпазлива монетарна политика, како поддршка на стабилноста на цените и девизниот курс

„Стабилноста на курсот на денарот е приоритет за Народната банка, којашто ја унапреди оперативната рамка за монетарната политика заради подобро…

January 24, 2026
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски најави ригорозни контроли на маркетите: Ќе сториме сè да го заштитиме стандардот на граѓаните

„Договоривме чекори кои што ќе се случат почнувајќи од денеска. Знаете дека беа потенцирани два ланци на супермаркети кои според…

January 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?